• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, август 23, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Мојот живот, мојот свет

„Мојот живот, мојот свет“ утревечер по 23 часот со Хулија Хилми

октомври 1, 2015
in Мојот живот, мојот свет

 

Хулија е родена во Охрид сега живее во Истанбул.

Често  знае да ја изненади сестра и’ Енис со ненајавени доаѓањa некогаш со нејзиниот Кенан, а некогаш сама за да ги наполни батериите во за неа единствениот  Охрид кој безусловно е број еден во нејзините мисли. Таа е дипломиран социолог , но сега е целосно посветена на промоција на  македонската култура во Турција, како и на ангажманите во студиото за продукција на сопругот кој е професионален фотограф. 

Конечно патиштата ни се споија и по три години договарање нејзиното најново доаѓање во Охрид го искористивме за ветеното интервју. 

Во него простор за реката спомени, среќни и тажни како животот и ред други нешта кои Ве очекуваат утревечер заедно со гласот на Хулија, фотографии од нејзиниот албум и музички нумери по нејзин избор.

hulja

Еве само парче од воведот во нејзиниот живот и носталгијата по Охрид од нејзиното детство:  

– Може банално да Ви звучи придавката среќно, но јас навистина имав среќно детство. Исклучително среќно. Дотолку среќно што денес кога го прераскажувам на познаници низ светот, ме слушаат со подзината устa.

Моето охридско детство беше идилична слика од  бајка. Растев во Mесокастро, во чаршија, дворот ми беше плоштадот, во време кога патните врати од куќите ретко кога се заклучуваа, кога игрите географски се ширеа од чаршија до Канео или до на Кале. Кога веславме на Ј’но, пливавме на пливачко, кога одев на играорна, музичко, балет, драмски…И се тоа заедно.

Кога се правевме важни ако некој од комшиите баш нас не одбереше да му купиме леб , од лебарана кај чичко Матијан, кога без проверката на тетка Цвета (Јанева) ниедно слатко, или ајвар не се тргаше од оган, кога правевме букетчиња од синолички или каранфилчиња и без повод и причина ги делевме по куќи, кога сите три генерации дома имавме еден лекар,  најдобриот дијагностичар на цел свет, д-р Перо Тилев. Кога си влегував кај тетка Стефка (Бараковска) како дома, па си се шминкав, ставав гердани и ги облекував нејзинте штикли, а богами ги имаше многу, па како Караѓоз им се појавував дома, кога своеволно си одев на целодневни гости  кај тетка Лиле ( Тилева), на најубавиот домашен сладолед, кога баба ми за Велигден ќе ме дотераше во најубото фустанче, па од рано наутро со сетра ми,  носевме  пајнци ( чинии)  полни со тазе од утрото испечена баклава,  по сите комшии… кога сите деца одевме на Коледе, а за Бајрам дома беа вистински журки со охридски староградски песни и  босански севдах до сабајле,… кога учителите или наставниците ако не сретнеа по чаршија, иако бевме излезени со родителите, утредента неизбежно не испитуваа…

Така се сеќавам на моето детство, вели во интервјуто за „Публицитет.мк“ Хулија Хилми, нашата нова гостинка во аудио интервјуто „Мојот живот, мојот свет“ .

Не пропуштајте има низа интересни моменти од нејзината интима која реши да ги сподели со сите нас. 

Публицитет.мк 

 

 

Посетеност: 162
Share
Previous Post

ЦИВИЛ со семинари за слободни избори во Битола и Охрид

Next Post

Исчистете ги цревата со радикален метод за само два дена: Не дозволувајте болестите да се лепат на вас!

Next Post

Исчистете ги цревата со радикален метод за само два дена: Не дозволувајте болестите да се лепат на вас!

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 162

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk