Во ова време – невреме , кога светот се тресе од нестабилност и жртви на секоја страна.
Во време кога едни се против други, кога цената на човечкиот живот е ниска, кога залутани куршуми, бомбаши самоубијци сеат смрт околу себе Публицитет.мк се сети на една не толку далечна криза на почетокот од деведесеттите од минатиот век – Сараево и Босна.
Бремена во осми месец со воен авион од Сараево заедно со петгодишниот син бега во незивесност…
Наш соговорник во МОЈОТ ЖИВОТ, МОЈОТ СВЕТ е Сања Фармаковски која над две децении со сопругот Стефан и трите деца живее во Охрид.
Нејзината бегалска приказна од Сараево и патешествието преку Панчево и Белград, па до Охрид нека е само опомена дека – разумот треба да победи и дека ваквите жаришта во 21 век би требало да ги нема.
Имаше и солзи при навраќањето и кнедли во грлото, но Сања, како непоправлив оптимист верува во убава иднина за себе, семејството и сиот свет.
Не пропуштајте ја емисијата МОЈОТ ЖИВОТ,МОЈОТ СВЕТ на Публицитет.мк и преку аудио интервјуто да се соочите со вистината за малите Големи луѓе околу нас.
Милчо Јованоски, Публицитет.мк