Љупчо Паункоски, охриѓани најмногу го познаваат по неговиот приватен РТВ сервис ПАЛ Електроник, но и по работата на предавателниот пункт на Мали Влај.
Љупчо роден е во Охрид,а родум е од Малесија. Во „Мојот живот, мојот свет“ни раскажа како преку документарците му се оддолжил на овој крај од кој потекнуваат многу славни македонски личности. За нивното печалбарство, заминување и враќање…
Со широка насмевка на лицето ни објасна зошто не се запишал во основното „Братство“ кое речиси му било до дворот , туку во Григор, за деновите минати во Пионерскиот дом и во секциите за радиоаматери и фотографија, како наместо во Гимназија завршил средно стопанско, за работата како кино апаратер во двете кина во Охрид…
За годините минати во потрага по знаење прво во Куманово, па во Скопје, вработувањето во тогашна РТС – предаватели и врски, па потоа на Мали Влај.
Љупчо раскажува каква музика слушале тогаш, за игранките, матинеата, за „мартонот на суво“ до Синдикални , за украдениот германски велосипед „Дијамант“ , за патувањата со сопругата, дружбата со колегите, љубовта кон фотографијата и за ред други нешта.
Публицитет.мк со Љупчо Паункоски, утре по 23 часот.
Публицитет.мк