Новиот аудио -профил од втората сезона на „Мојот живот , мојот свет“ е посветен на уште еден наш охридски урбан лик – тоа е ветеринарот и музичар Тони Танкоски.
Емисијата изобилува со негови сеќавања од детството во Влашка Маала, за студиите во Загреб. Ќе слушнете за тоа зошто се запишал прво на Историја на уметност, за неговата љубов фудбалот, за првата скапа хармоника купена во познатата НА -МА, за средбите со бројни знајни и помалки познати лица по охридските кафеани, за говорот на животните…
Посебно поглавје е отстапено за сопругата Даниела и ќерките Маја и Тамара
Утре по 23 часот во МОЈОТ ЖИВОТ, МОЈОТ СВЕТ гостува Тони Танкоски- Следете не!