Средбата и снимањето на новото издание на аудио серијалот „Мојот живот, мојот свет“ со нашата соговорничка, професорката по англиски и шпански јазик Васе Битракова – Христова се случи токму во нејзиниот живот и свет – училиштето за странски јазици „Санрајс“ .
СО КЛИК НА ЛИНКОТ СЛУШНЕТЕ ГО ИНТЕРВЈУТО ВО ЦЕЛОСТ
Битракова е сопственичка на училиштето и дваесет и една година „Санрајс “ е нејзино, но и на нејзиниот сопруг Зоран постојана преокупација и сврталиште. Речиси сите нивни животни приказни и искуства потекнуваат или се сврзани со секојдневието минато пред катедрата меѓу ученците од различни генерации желни да го научат јазикот за кој што се определиле.
Васе од најраното детство
Васе Битракова – Христова во интервјуто за „Публицитет. мк “ ни призна дека уште од мала имала претчувство дека англискиот или јазиците ќе се нејзина определба.
Од престојот во САД
Како и секое малечко девојче и таа играла со кукли, во својата детска, бујна фантазија се гледала како лекар, дека ќе биде стујардеса и ќе патува … Но многу рано за тоа време во петто и шесто одделение се гледа во оваа улога во која е сега.
САНРАЈС – едукација, забава, релаксација
-Кога ќе се спомене детството ја паметатм преселбата во комплексот згради спроти фабриката „Братство“ и подоцна префрлањето од „Григор Прличев“ во „Христо Узунов“ . Во тоа време ми се чини растевме на улица, дури и ручекот само ни го подаваа мајките а тоа најчесто беше парче леб намачкан со маргарин или ајвар. Немавме време, детските палави игри беа бескрајни, со насмевка на лицето се сеќава Битракова – Христова.
VIVA ESPANA
Васе ја потврди познатата поговорка: „Колку јазици знаеш, толку повеќе вредиш“ . – Таа позната изрека се потврди и во мојот живот. Вистинско богатство. Преку јазиците научив за светот и одредени култури секако на оние кои се посветив – англиската и шпанската. Познавајќи ги јазиците се чувствувам богата, преку нив стекнав убави и трајни пријателства, ни рече Васе.
OLE
Нејзиниот дедо Славе Битрак бил чевлар, а нејзината баба Васе – чие име и го носи , за жал како што ни рече малку ги познава,ама и тоа кусо време што била покрај нив и минало квалитетно, гледано од овој агол. Нејзината баба пред да се омажи за дедо и’ живеела во Клагенфурт – Австрија. Нејзините родители се занимавале со слаткарство и била една на мајка. Случајно се запознала со дедо и’ и се омажила. Зад тоа се крие интересна филмска приказна зад нив. Додека по татко е од Месокастро , баба и потекнува од Присовјани од Малесија.
Во Севиља Барселона со ученци од школата и нивните пријатели
Васе ни призна дека верува во содржината што со себе ја носат гените и како јазичар – лингвист ги бара и сака да ги знае корените .
Одејќи натаму низ нејзиниот живот застанавме кај факултетот и студиите во Скопје на Филолошки. Некаде пред крајот на студиите Битракова – Христова ја користи можноста да замине во САД кај свои блиски роднини и да го усовршува јазикот, иако денеска го говори британскиот англиски, наспроти американскиот кој , како што вели е поинтересен за младите,а меѓу нив и за нејзиниот син Климент , кој од три години е во допир со англискиот, се разбира покрај мајка си.
Мои драги ученици Летен камп – Шолта кај Сплит
Васе во меѓувреме го запознава својот сопруг Зоран. – Тоа беше студентска љубов. Најпрво бевме пријатели и тој ми беше рамо за плачење, ни вели таа. Решаваат да го отворат училиштето , и иако се ’ изгледа лесно. Зад нив се макотрпни години во работа, докажувања, да се биде успешен и да се оправда довербата на сите кои поминале низ нивната школа.
Со Киси и Валтер од Германија, пријателство кое трае близу 2 децении
Во „Мојот живот, мојот свет“ Битракова – Христова ни раскажа како дојде на свет нејзиното второт дете – синот Калин, кој е голема разлика со Климент, кој веќе се помирил со судбината да биде син единец, но со радост ја прифатил веста.
Со прекрасните синови Климент и Калин
Одморите се вистинско откровение за семјеството, а Васе кога е дома и готви, често тоа го прави со слушалки на уши и си потпевнува. – Така, мојот машки свет ми вели – јадењето беше многу вкусно, еве тајната, сега нека ја слушнат, зошто било така.
Заглавени во хаосот на аеродромот Ел Прад
Во интервјуто испреплетено со музика по избор на нашата гостинка ќе го почувствувате мирисот на врелата шпанска крв, Италија, како и Балканот, а ќе слушнете за пријателствата родени во Шпанија и овде во Охрид ,а продолжени во Германија на пример.
Во Сплит
Сани бич – Касандра
И да не откриваме се’ слушнете го аудиото поставено на почетокот од овој текст,а фотографиите се можеби најдобриот показ за секојдневието на Васе Битракова – Христова која сака да пешачи,а на лето да плива во базен, тоа и е хоби. Ни рече дека ТВ гледа ретко, чита многу книги, пред компјутер е кога само тоа е професионално потребно…
Моето најомилено хоби – пливањето
Ни одговори на прашањата: Дали е онаа истата Васе од пред две децении, што размислува додека плива и за миговите на најголемата тага и среќа, како и на нашето стандардно прашање: Што би сакала да ни каже при следната средба по пет години?
Разговараше : Милчо Јованоски