Васко Ангеловски е претседател на Социјалното друштво „Свети Наум Охридски“ од Мелбурн кое годинава одбележува 35 години од постоењето и континуираната донаторска мисија која ја има на релацијата од Австралија кон Македонија.
Најчесто со многу љубов нивните донации завршуваат во Охрид, на оние на кои им се најпотребни.Помагаат во болници, најчесто во Геријатрија, а донираа одредена опрема и во Против
пожарната единица во Охрид
.
Со Васко и неговата сопруга Лидија во кафе АКВАРИУС говоревме и за нивниот ангажман во радио водителството на радиото трипати З,кое на македонски има програма три пати во неделата а во тоа радио на заедницата партиципираат 70 редакции кои откупуваат термин.
Со клик на линкот подолу слушнете го интервјуто со Васко и Лидија Ангеловски. Автор и водител: Милчо Јованоски
Со Лидија и Васко говоревме за животот таму и овде,за заминувањето во 1982 , за тоа дека Австралија се менува, за нивното снаоѓање таму и за желбата што подобро да се вклопат во тамошното општество и целодневните учења на англискиот и струката на Васко завршена во Охрид и потврдена со тамошна диплома.
Васко со посебна, татковска љубов и со жар во очите зборува за ќерките Александра и Ивана, за кои вели дека без ден македонско училиште го владеат мајчиниот јазик одлично.
Ни раскажаа како тоа нивниот нов дом во Мелбурн е во срцето на најмакедонскиот крај од градот, за честите дружби по кафеаните од кои едната во Мелбурн го носи името Канео.
Посебно поглавје во разговорот се честите средби и отворањето на нивниот дом за македонските естрадни ѕвезди.
Има простор и за музика и секако за надежите и очекувањата во животот и мислата дека еден ден сепак ќе му се вратат на родниот Охрид.
Публицитет.мк