Гостин во аудио серијалот „Мојот живот, мојот свет“ е Вера Главинчева, професорка во пензија од Охрид.
Во „Аквариус“ во нашето импровизирано студио започнавме со тоа како ги троши заслужените пензионерски денови, за тоа што најмногу ја прави среќна и со нејзината констатација дека еден живот никако не може да се собере во еден час.
СО КЛИК НА ЛИНКОТ – СЛУШНЕТЕ ГО АУДИО ИНТЕРВЈУТО ВО ЦЕЛОСТ
Автор и водител: Милчо Јованоски
Ако се одлучите да го слушате интервјуто во него Главинчева зборува за своето детство поминато во родното Љубаништа. За копнежот и сликата која и денеска постојано ја има пред себе кон полето се’ до Свети Наум. За нејзината опсесија „Билјанините Извори“ за кои со децении носи спомени и реди идеи дури во сопствени колумни за тоа дека ова место треба да биде култно, беспрекорно уредено и наша гордост за приказ пред туристите.
Вера во Шпанија
Ќе слушнете какви спомени и буди староградската песна „Билјана платно белеше“ која е една од првите што ја слушнала и знаела.
Вера со сопругот Бранко на свадбено патување во Венеција
За растењето во Горна Влашка Маала, за скромниот живот, за учењето по дење, зашто околу две години откако се доселиле во Охрид немале струја дома, за часовникот кој стоел на прозорецот од куќата на соседите за и тие да го видат , за да знае кога да замине на училиште во „Григор Прличев“.
Вера со првата рожба синот Никола
-Бевме сиромашни, но имавме многу меѓусебна почит меѓу родителите и мене, брат ми и сестра ми, вели Вера. Никогаш не бевме гладни, секогаш сити. Татко ми беше ѕидар и му требаше добра храна. Заработуваше добро, но ние во Охрид почнавме од нула.
Мајката на Вера со внукот Никола
Ќе слушнете за нејзината авангардност уште од ученичка да се пишува со пенкало добиено од Америка, за одлуката наместо на женски занает во Радничка да побара од татка си да запише средно,а потоа и економски факултет.
Во очекување на Маја
Дочек на Нова Година Вера со сопругот и децата Никола и Маја
Како стигнала до детски додаток, стипендија, за предавањето англиски и читањето на температурата на воздухот на Кале во Скопје за да студира.
Маја – 3 години
Претходно уште како средношколка станува член на Сојузот на комунистите – членува до крајот на студиите ама еден настан од факултетските активности, ја натерал тивко да ја напушти партијата.
На зимски одмор семејно
Подоцна во плурализмот пак влегува во политиката, но ни рече: – Како што брзо влегов, уште побрзо излегов. Сфатив дека политиката не е за луѓе као мене.
Филип штотуку роден
Во интервјуто ќе слушнете: Зошто Вера не останала во Скопје и се вратила во Охрид. Како од фабриката „Братство“ каде имала убаво работно место преминала во просвета во Гимназија со економски паралелки и станала професор, со што го остварува детскиот сон. За судбината речиси секоја година да добива нов предмет, во некои да се пронајде, а во некои сам принудена да создава материјал за предавање.
На кампување со Филип
За дактилографијата и пишувањето со десет прсти, за снаоѓањето и нејзините идеи кои ја натерале меѓу првите да отвори училиште за странски јазици и компјутери, туристичка агенција. За успесите и брзите падови во приватниот сектор. Се’ испреплетено со раѓањето на децата: Никола, Маја и Филип, за интимната борба и победата на опаката болест – ракот.
Вера – класен раководител
За нејзиниот напис во некогашното списание „Базар“ во кое таа искрено и од душа зборува за соочувањето со болеста и лекувањето во Љубљана. Тогаш во тоа време на крајот од осумдесеттите таа им дала надеж на многу жени.
На екскурзија низ Југославија
Како се случило токму таа која пропагирала преку организацијата на жените – жените да одат на редовни гинеколошки прегледи, токму таа да е една од тие која ракот ја нападнал?
На час по биротехника
Вера зборува и за враќањето во образованието и пензионирањето. За работата со учениците и меѓусебната почит.
Годишнина од апсолвирањето на Економски факултет со дел од генерацијата
-Откако на свет дојдоа внуците јас почнав спокојно да живеам и конечно да му се препуштам на ситните радости мојата градина, средбите со пријателките, одморите и воопшто на животот,ни рече Главинчева.
Свадбата на Никола
Успеа да ни каже дека нејзиниот сопруг Бранко како пензионер сега е пратеник и дека тој со задоволство ги исполнува нејзините нарачки во смисла да се оди некаде, да се пазари, однесе или донесе.
На класен час по многу години
Таа ни раскажа само по едно од многуте бисерчиња од тројцата внуци. Зошто недела не е ден за семен ручек кај Главинчевци, туку среда?
Со дел од колешките и колегите во канцеларија
Вера Главинчева во „Мојот живот, мојот свет“- слушајте, читајте и погледнете ги нејзините фотографии кои пред вас како на дланка ќе го отворат нејзиниот живот и свет.
Со колешки на ручек
Ова беше една средба меѓу некогашен професор и некогашен ученик ( Вера и водителот Милчо ) фигуративно кажано местата беа променети наместо ученикот овој пат професорката беше пред таблата ( микрофонот).
Пензионирање на другарката Фанче во 2011г
.
Внуците најголемата радост на Вера
Целото семејство заедно
Вера со другарка и Николина во Ханиоти
Со другарките во Вевчани
Најубавото место за релаксација – градината на Вера
Вера на Халкидики
Фотографии: Приватна архива на Вера Главинчева
Публицитет.мк