• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, август 23, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Мојот живот, мојот свет

„Мојот живот, мојот свет“: Виолета Петковска и Јулиана Алексиоска

март 3, 2018
in Мојот живот, мојот свет
„Мојот живот, мојот свет“: Виолета Петковска и Јулиана Алексиоска

Првата асоцијација на 8 Март секогаш е ликот на учителката. За оваа професија некогаш и денес, за нивниот животен пат и секојдневните предизвици во аудио интервјуто  Милчо Јованоски разговара со учителките Виолета Петкоска од ОУ „Кочо Рацин“ и Јулиана Алексиоска од ОУ „Братство – Единство’ од Охрид.

 Во пресрет на 8 Март – Меѓународниот ден на жената наместо букет цвеќе Публицитет.мк во емисијата им подари внимание  не само нив туку и на сите кои на еден или друг начин се во образовниот процес и ја имаат хуманата и благородна мисија да ги описменат младите генерации.

Во „Мојот живот, мојот свет“ Виолета и Јулиана зборуваат и за себе семејствата и се’ што е поврзано со образованието.Како се одлучиле да станат учителки? Како изгледал првиот нивни час и контакт со учениците? Строги или принципиелни. Што станува со денешното образование и ред други прашања на кои обете имаат интересни одговори. Има и музика по избор на Јуле и Виолета. Наш подарок е се разбира „Мојата учителка“ со Капиопи Букле . И тоа не е се’ – одвојте време и слушнете го интервјуто.

По обичај дружбата ни беше во нашата канцеларија – култниот „Аквариус“ во Охрид.

 

Со клик на линкот слушнете го интервјуто во целост . Со Виолета и Јулиана разговара Милчо Јованоски:

 

                                          ВИОЛЕТА ПЕТКОВСКА

                           одделенски наставник-20 години работен стаж

27657949 1523464994434203 6108371644708453474 n

      

                  Добитник на меѓународни признанија:

         -Две благодарствени писма од Русија,

         -Дипломи за двапати награден наставник на конкурс од Србија по повод Светскиот ден на учителот . 13 трудови објавени во образовни,стручни весници.

FB IMG 1519505608861

         -Објавени креативни едувидеа;

         -Тимот „Мојата родина Македонија“составен од учениците Анабела Стефаноска,Андреј Јованчев,Стефанија Алачкоска,Наталија Димоска и Тео Николоски имаа успешно учество на „Дијалог на културите -2016“.освоија прво место на мултимедија проект на тема„Меѓу нас нема разлики“.

FB IMG 1519503805370

Виолета со сопругот

–        Анабела Стефаноска учество на 41 Државна изложба на детски ликовни творби на тема„Народна култура како трајна инспирација во моето творештво.

–        Диплома -Награда за квалитет за партнер проект –KNOWING ME,KNOWING YOU-od Etwinning label.

–        Филип Ставрески освои трето место на конкурс  од Бугарија од Стара Загора на тема„Наши пријатели“2015.

–        Наталија Димовска освои трето место на Меѓународен конкурс „U cast ucitelja“.

Активно учество со сертификат на меѓународен конкурс од Америка на тема„THE WINTER HOLIDEJ ART CONTES 2015 за Анабела Стефаноска,Стефанија Алачкоска,Клара Илоска,Јана Иваноска и Теа Николоска.

FB IMG 1519503386012

Деца во училиште – деца дома. Семејстовото заедно

 

             Остварувања во наставните и воннаставните активности како наставник,едукатор,модератор,креатор на иновативни идеи и пристапи за постигнувања во областа на образованието,ширење на глобални цели со хуманистички,општествени вредности преку проекти,конкурси и стручни трудови со добри практики  за 2016/2017 година.

 

–        Сертификат за учество по повод Европска недела на кодирање организиран од Европска комисија ,зедоа учество 48 земји.

–        Диплома за Награден наставник на Меѓународен конкурс„У част учителју“2016.

–        Сертификат за учество на „Global Math Week 2017:Светска математичка недела. 

-Сертификат за учество на International Education Week 2017,организирано од УНИЦЕФ.

       -Сертификат за учество на Интернационален проект„Human differences“ мај 2017 со 48 земји.

-Втора награда и студиско патување за Словачка од Словачкото министерство за образование и Министерство за култура за Интернационален проект„Ноќ со Андерсен“ траеше од 1 ноември  2016 до 2.април 2017.

FB IMG 1519503378845

На прошетка крај брегот на езерото

-Диплома од Меѓународен фестивал„Креативна чаролија“мај 2017 финале во 8 најдобри креативни работилници со партнер,колешка,претставници од Македонија.

–Диплома-Специјално признание за наставник-ментор и автор за Minecraft 2017 на Меѓународниот фестивал на креативни едукативни филмови „KREF“ 2017.

-Сертификат за активно учество на Интернет проект„  Мост дружбе 2017“ од Русија.септември,октомври,ноември 2017.

-Сертификат за учество  на Светскиот проект„Climate Action“ октомври 2017,250 училишта од 69 земји од 6 континенти.

received 1840481392637479

Во Орадеа ,Романија деновиве се одржа интернационален симпозиум за образованието во 21 век,организиран од министерството за национално образование на Романија.Како проф.во одделенска настава со свој труд учествував за ефективни пристапи во одделенска настава на часовите по македонски јазик,не бев во можност да присуствувам, но  трудот беше претставен на Симпозиумот, ни рече Виолета.

 

22141025 879802608861176 3629270456198885869 n

 

22141146 879717508869686 7397401748826489644 n

27657013 954864304688339 2908370904610111841 n

 

ЈУЛИАНА АЛЕКСИОСКА

Мојот професионален развој се надоградува постојано преку разни обуки,семинари,иновативни работилници,интегрирани активности и сл.

 26056032 932202316954538 5700800281658020285 n Јуилиана со сопругот

Секојдневната воспитно образовна задача ме поттикнува да истражувам,откривам нови и соврeмени техники и методи и истите  да ги применувам во наставата се’ со цел да се постигнат подобри резултати. Во таа смисла редовно се вклучувам во организираните семинари и обуки од страна на МОН И БРО како и самоиницијативно пронаоѓам можности за сопствен напредок. Моето  училиште е вклучено во Проектот за меѓуетничка интеграција на образованието преку кој се нудат безброј можности за професионален развој како на наставниците,така и на учениците и родителите. Во склоп на овој проект учениците вклучени во Еко секцијата која ја координирам,редовно ги одбележува Светските Еко денови како и пронаоѓа начини и решенија за постојано подобрување на условите во воспитно – образовниот процес преку организација и реализација на разновидни интегрирани активности помеѓу различни предмети но и со ученици од трите наставни јазици.Наставниците вклучени во овој проект се сертифицираат за работа со мешани групи и истото многу успешно го реализираат.Така со активностите можеме да се пофалиме со постигнати успеси како на пример освоено второ место на државен конкурс за Примена на иновативни практики во наставата.

28534939 967706260070810 1719598016 n Семејството на купче – Јулиана со сопругот и ќерките

Со учениците од училишната заедница редовно се вклучувам во работилници за  разни изработки така што веќе втора година со ред освојуваме награди на конкурсот од Пакомак за изработка на креативно дело од отпадни материјали.Фустанот изработен од отпадна амбалажа им донесе успех на моите ученици со кој сите се гордееме.Вклучена сум и во проектот „Чекор по чекор“ чија цел е подобрување на јазичната и математичката писменост кај учениците од одделенска настава.Во рамките на овој проект со моите ученици применувам разни современи методи и техники на сите часови преку кои се постигнуваат успеси.Професионално се надоградувам и преку успешна соработка со разни институции,установи и  организации со кои успешно соработувам се’ со цел за успех во наставата.Таква е  соработката со студенти од  факултетот „Свети Апостол Павле“ каде мојот ученик Марио Митрески беше ангажиран во снимање на филм од страна на студентите од овој факултет.

26239670 1780747361957166 6152837347032154967 n Во мигови  кога се слави со колегите во ОУ „Братство и Единство“

Моите ученици ги поттикнувам редовно да се вклучуваат во локални  литературни и ликовни конкурси на кои сме освојувале повеќе награди.

 

27857762 10215170228198507 780729920085463749 n

Јуле и Виолета заедно со колешките во Словачка

А меѓународниот проект „Ноќ со Андерсен“ беше посебно достигнување бидејќи многу креативно,интересно и забавно се реализираа разновидните активности од страна на поголем број наставници кои заедно со своите ученици запловија во светот на бајките од каде заеднички ја понесоа третата награда која донесе многу радост и желби за уште поголеми успеси, вели Алекисоска .

Публицитет.мк

Посетеност: 86
Share
Previous Post

Премиерот Заев со порака до градоначалниците: Со отпадот и дивите депонии мораме час поскоро да се справиме

Next Post

ТВ премиера на „Последниот Македонец – Патот до истребување“ на МТВ

Next Post
ТВ премиера  на „Последниот Македонец – Патот до истребување“ на МТВ

ТВ премиера на „Последниот Македонец - Патот до истребување“ на МТВ

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 86

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk