• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, јули 5, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Мојот живот, мојот свет

„Мојот живот, мојот свет“: Живко Георгиевски – втор дел

февруари 24, 2017
in Мојот живот, мојот свет

Колегата Живко Георгиевски во новинарската фела во Охрид и Македонија е познат како директор на Радио Охрид во средината на седумдесеттите од минатиот век, па дописник на Танјуг и ред други тогашни југословенски медиуми.

Со клик на линкот, слушнете го вториот дел од интервјуто. Со Живко Георгиевски разговара Милчо Јованоски: 

10154410 10153348841583555 344441885219047757 n

Со колегата Живко во „Аквариус“ разговаравме за неговата избраничка – сопругата Пера. За раѓањето на децата: Горан, Ирена и Ивана….

Тој имал 20 а Пера нешто повеќе од 18 години кога хемијата се јавила  на Долни Сарај на концертот на легендарниот Ѓорѓе Марјановиќ.  Случајно, иако Живко верува дека Бог ги наместил работите и дека нема ништо случајно.

pera    ljubovta na negoviot zivot

Пера, љубовта на неговиот живот

-Пера беше вонсериско момиче се гледавме низ чаршија и мислев дека е некоја туристка од Белград дојдена. Да може да е моја убаво би било, си велев.  Се заинтересирав и дознав која е.

Живко и денес го помни денот 15 август – летна убајна, вели – малку заврна .

zivot

-По летниот дожд по само две минути муабет се фативме за рака , а по пет минути се бакнувавме а потоа веднаш  си се ветиме дека ќе сме си верни до крај.

Колегата Живко и по толку години – нека ми прости ама искрено, и денес ми изгледа лудо вљубен во сопругата до уши, исто како и во младоста. Истовремено и благодарен за се’ што си подариле досега!

ohrid copy copy

Тој искрено ни раскажа дека духовно се здружиле буквално преку заедничкото прераскажување на книгите, страста кон филмовите во кои и Пера не заостанувала.

 

imaret

Зборувајќи за сопругата тој вели дека таа немала дилема што ќе работи нејзиниот иден сопруг и заедно ги врвеле сите бури и убави моменти. Во нејзина чест ја одбра познатата мелодија од Барбара Стрејсенд „Вљубена жена“. Следеа и ред други песни кои го оцртуваат неговиот карактер.

zivko so deca

-Млади се зедовме во 1968 година се роди синот Горан. Гинекологот Филев ми честита а јас збунет сакав ќерка , дури и името беше сме го одбрале Ирена,ама и таа подоцна дојде на свет.  

Убавиот период донесе и ги голем стрес и шок кој за миг ми го смени животот, раскажува Живко.

pocinka

Текстот во Починка 

   -Таа седумдесетта Пера во осми месец бремена имаше големо премрежие. И денес им сум благодарен на некогашната авангарда охридски лекари  во кои за мене и за Пера беа спасителите. Тоа се лекарите: Тилев, Филев и Малинов. И  денес им палам свеќа на нивните почивалишта. Пера два пати е враќања од мртвите, ни рече Живко. За нив – шест месеци по раѓањето на Ирена сторија била објавена и во некогаш популарниот македонски магазин „Починка“.

nin

Во одбрана на  новинарската бунтовност, нарав и непослушност на Живко во седумдесеттите пишувал и белградски НИН 

Следуваат анегдотите за чудното служење воен рок , па за „Фијатот 1300“ . Директорите возеле фиќовци а тој 1300 – купен на кредит. Уште е поинтересна случката како се родила нивната втора ќерка Ивана, па првата внука Марија која живее во Лондон и веќе има 19 години.  Таа е негова гордост и тој вели дека е цела на него и со високи оценки студира меѓународна политика.  За внуците од синот Горан кои имаат охридски имиња: Григор и Антон и се  културни и мили деца. И сега со Пера чекаат внуци од Ивана и зетот Наќе, обајцата професионални фотографи…

karikatura

Разговаравме за професионализмот во новинарството и дали го има?  И за односот на сопствениците на медиумите и политичарите. Зборуваме за тоа кој е кој вмровец или комуњар и дали ќе мине оваа поделба која навлезе директно во сите пори од животот. За тоа како еднаш се нашол на средината помеѓу Љубчо Георгиевски и Никола Груевски.  Се разбира и каде е тој во сета оваа приказна.

mia

Како се случи привремено да замине во Скопје и таму да остане над три децении ида се пензионира од МИА …  

За тоа како Живко Чинго го убедувал да пишува а тој го лажел дека веќе почнал. Не сака да пишува ни книга ни мемоари,  иако има со стотици анегдоти кој пластично ги памети и денес. Нејќе да ја распостила својата интима,а за во нашето интервју искрено рече дека со интимата стигнал некаде до половина.

sliki

На крајот ни кажа што сака да му се случи во следните пет години и зошто сака парче земја и таму да се занимава со земјоделство, така од мерак да произведува органска храна.

organska

И пред вие да ги слушнете двата дела од интервјуто со Живко Георгиевски – директно на маса, до нас ги ислуша колегата Ацо Јанев – кој во својот професионален живот  работеше заедно и со Живко и со авторот и водител на интервјуто Милчо Јованоски.

Што беше потоа, тоа е само наше новинарско – колегијално дружење ,еден ден  можеби и за тоа, се разбира во некоја наша анегдота и приказна, која за другите ќе биде и монотона,ама нас слатко ќе не насмее…

Публицитет.мк

Посетеност: 78
Share
Previous Post

За 20 години постоење, 20 причини повеќе да ги посетите бутиците ЕМИЛИ во Охрид и Струга

Next Post

ДУИ ги даде потписите на СДСМ, за коалиција ќе размисли

Next Post

ДУИ ги даде потписите на СДСМ, за коалиција ќе размисли

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 78

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk