• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
петок, октомври 16, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Мојот живот, мојот свет

„Мојот живот, мојот свет“- Живко Поповски – Цветин: „Живот посветен на цвеќето, љубовта и мирот“

октомври 10, 2020
in Мојот живот, мојот свет
„Мојот живот, мојот свет“- Живко Поповски – Цветин: „Живот посветен на цвеќето, љубовта и мирот“

Новата шеста сезона на аудио серијалот „Мојот живот , мојот свет“ започнува  со интервјуто на уредникот и водител Милчо Јованоски со познатиот уметник. сликар и хуманист, и кандидат за Нобеловата награда за мир Живко Поповски – Цветин.

Преку неговиот глас Публицитет.мк ќе ви ги долови неговите емоции сврзани со родителите, детството, семејството, пријателите и мисијата со цвеќето која непрекинато трае точно 35 години. Случајот сакаше токму денеска на јубилејот да го емитуваме интервјуто со Цветин. 

milco copy copy

Живко Поповски отворено зборува за својот пат, радостите и тагите и неброените контакти преку цвеќето со целиот и низ целиот свет. Неговите слики од животот ќе не поведат во родното Брезово, до Жван и Демир Хисра, Битола, Скопје, Белград па до Австралија и до секое село и град во нашата преубава Македонија. 

 

zivko 35 g. cveke

 Со клик на линкот подолу слушнете го интервјуто со Цветин

 

 

БИОГРАФИЈА  ЖИВКО А.ПОПОВСКИ – ЦВЕТИН

Живко А. Поповски – Цветин е роден во с.Брезово 1944 година. Завршил студии на Земјоделскиот факултет во Белград, Р. Србија. Во текот на професионалниот стаж бил одговорен уредник на списанието „Современо земјоделство“ и главен и одговорен уредник на „Агро берзански информатор“, раководител на секторот земјоделство, шумарство и водостопанство при Републичкиот завод за општествено планирање на Македонија, директор на Републичкиот центар за унапредување на индивидуалното земјоделство, советник на Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, директор на ЈП „Агро Берза“, а извршувал и други општествени функции (прв Претседател на Црвениот крст на РМ, делегат во општинските структури, делегат во општина Центар, Претседател на ССРН во општина Центар и др.). Сликарството му е голема љубов и опсесија уште од најрани денови.

zivko prva izlozba

Од првата изложба пред 35 години

Во изминатите 35 години главен мотив му е цвеќето, кое со голема убавина прераснува во симбол на мирот. Станува збор за сликар и хуманист, кој речиси целокупното свое творештво во над три децении му го има посветено на цвеќето и на неговата мировна мисија, со основна порака:

„ На светот му се потребни: мир, храна, солидарност, љубов…“

Над 55 000 слики „Цвеќе на мирот“ досега има подарено и се наоѓаат во колекциите на познати државници, политичари, поети, музичари, нобеловци, студенти и ученици, артисти, спортисти и разни хуманитарни организации и здруженија и тоа: Мајка Тереза, Кофи Анан, Бутрос Б. Гали, Михаил Горбачов, Џорџ Буш, Џон Мејџор, Индира Ганди, Хелмут Кол, Л. Скалфаро, Вили Бранд, Жак Ширак, Герхард Шредер и др., поети: Десанка Максимовиќ, Андреј Вознесенски, Фатос Арапи, Сретен Перовиќ, Јуре Каштелан, Ферид Мухиќ, Х. Х. Падрон,, Т. Ружевич, Генадиј Ајги, Тед Хјуз, Ежен Гилвик, Паоло Куељо, Блаже Конески, Петре М. Андреевски, Анте Поповски, Гане Тодоровски, Видое Подгорец, Матеја Матевски и др., музичари: Реј Чарлс, Би Би Кинг, Џони Логан, Здравко Чолиќ, Тереза Кесовија, Симон Трпчевски, Милка Ефтимова, актери: Ричард Гир, Клаудија Кардинале и многу други.

lenta

Досега Поповски има организирано над 300 изложби во земјата (во 150 основни и средни училишта, 30 детски градинки, домови за деца без родители, старски домови, факултети) и во странство, меѓу кои во Полска, Канада, Германија, Романија 1985 год., САД во 1986 год., Загреб (Хрватска) 1987, Белград (Србија) 1989, Њујорк во ООН 1990, во Сан Ремо (Италија) 1995, Австралија (Мелбурн, Сиднеј) 2019 и др.

makedonija

Поповски е првиот македонски сликар чија ликовна изложба беше претставена на Интернет, под наслов „52 Цвеќиња на мирот за 52 години на ООН“ во 1997 година, по повод годишнината на ООН. Во 2009 година Поповски беше кандидат за Нобелова награда за мир, каде од 205 кандидати, беше меѓу првите 5 во потесен избор.

crtya

Неговите слики се наоѓаат на 14 доплатни марки издадени од Црвениот крст на Македонија, на разгледници, на 50 насловни страни на книги, календари, на 10 документарни филмови. Има издадено 3 книги со добиени факсимили по пат на размена  со негови слики на Струшките вечери на поезијата и есеи за „Цвеќето на мирот“.

adonis

  • Во 2013 год., Поповски е добитник на Државната награда „Мајка Тереза“, како и многу признанија од Црвениот крст.

majka tedreza

  • Живко Поповски – Цветин е почесен доктор на науки на МИТ Универзитетот во Скопје
  • Во 2015 год., Поповски создаде слика долга 1001 метар (илјада и еден метар), по повод 1001 година од ослепувањето на Самоиловите војници.
  • Во 2019 година, во Австралија подари над 800 слики на ученици и наставници, спортисти и спортски клубови и на наши сонародници во дијаспората.
  • Учествувал во повеќе меѓународни ликовни колонии Аранѓеловац Зрењанин, Крушевац (Србија), на Меѓународната колонија во Вевчани.

so partenij copy

  • Организатор е на повеќе манифестации: Дебармаалски средби и серенади, Брезовски културни средби, поетски читања, ликовни работилници во воз низ цела Македонија и учествувал на карванот по патиштата на Мајка Тереза од Скопје, преку Ниш, Смедерево, Белград, Загреб, Љубљана, Трст, Венеција, Рим во Ватикан, каде подарил 99 негови слики по повод 99 години од раѓањето на Мајка Тереза.

Публицитет.мк 

Посетеност: 582
Share
Previous Post

Од понеделник „Галеб“ ја враќа линијата Охрид-Белград

Next Post

10 Oктомври – Светски ден на менталното здравје

Next Post
10 Oктомври – Светски ден на менталното здравје

10 Oктомври - Светски ден на менталното здравје

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 582

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk