• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, август 23, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Мојот живот, мојот свет

„Мојот живот, мојот свет“: Зоран Стевоски

октомври 2, 2019
in Мојот живот, мојот свет
„Мојот живот, мојот свет“: Зоран Стевоски

Почитувани, добредојдовте во новата – петта сезона на рубриката „Мојот живот, мојот свет“ на Публицитет.мк Случајот сакаше од неколкуте веќе снимени во јавност, прво  да излезе ова денешното со Зоран Стевоски.

Годинава, Стевоски слави 40 години од првата негова работна акција „Морава 1979“.  Повозрасните го знаат и како командант на некогашната Младинска бригада „ Илинден“ со која ширум некогашна Југославија градеа патишта, пруги, мостови и се разбира се враќаа со високи одличја.

akcii

За да не прозвучи ова интервју како некој политички памфлет или носталгичност по времето кое одамна поминало, водителот и автор на серијалот Милчо Јованоски и соговорникот Стевоски заеднички се оградуваат со ставот дека се’ она за кое се зборува во него е дел од нивниот и животот на сите генерации кои растеле во една друга држава и систем.

zoran 3

 Со клик на линкот слушнете го во целост аудио интервјуто со Зоран Стевоски

 

Според Стевоски најромантичниот дел од југословенската историја биле Доброволните младински акции.

rabota

Тој не потсетува и на двете работни акции „Брег на младоста “ одржани во Охрид во 1984 и 1985 на изградбата на водоводот Метропол – Охрид, се работеше на откривањето на античкиот театар, се изгради патот Охрид – ресен најубавата делница, најголемата ПТТ инфраструктура во Охрид ја правеа акцијашите и не само во Охрид и Струга.

palic 87

– Јас не можам и по 40 години да си го објаснам феноменот на разделбите по акцијашките дружби. И тогаш ние и сега нашите млади реагираат исто. Само што овие денешните акцијаши се многу помудри и рационални и секако повеќе свои од нас, вели Зоран.

vladdimir

 Стевоски своевремено беше добитник и на тогашното највисоко општинско признание „Седми ноември“ а беше носител и на сојузната Штафета на младоста.  

zoran mlad

Ни раскажа за будните ноќи пред тој настан, за стравот дали се’ ќе помине како што треба и за тоа дека пред извесно време при посетата на Музејот „25 Мај “ во Белград ја пронашол штафетата која имаше чест да ја носи до бината на градскиот плоштад во Охрид.

stafeta 1

За тие и и за овие времиња, за страста кон акцијаштвото која за Зоран е еднаква на живот и за  и многу други нешта слушнете го првото издание на „Мојот живот, мојот свет“ кое секако носи и  музика од тоа време.

breg n amladosta

ilinden 78

skopje

tekst

zoki

slika copy

ziden vesnik

igman

Публицитет.мк 

Посетеност: 147
Share
Previous Post

Охридското Езеро порибено со пастрмка и од албанска страна

Next Post

Денес им е роденден: Ристо Лазаров и Ацо Јанев

Next Post
Денес им е роденден: Ристо Лазаров и Ацо Јанев

Денес им е роденден: Ристо Лазаров и Ацо Јанев

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 147

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk