Деновиве во Париз по подготовки кои траеја повеќе од една деценија, беше отворена изложбата по повод обележувањето на 500 – годишнината од смртта на Леонардо да Винчи во музејот „Лувр“на која се изложени повеќе од 160 негови слики и цртежи. Меѓу нив , за жал, ја нема „ Мона Лиза“ – најпознатото дело на овој голем уметник. Таа се чува на друго место во „ Лувр“ а посетителите ќе можат да ја видат во виртуелна реалност.
Еве, ова е повод , овој пат да се потсетиме на прекрасната песна посветена на загадочната насмевка на Мона Лиза.
Песната е напишана во 1950 година од страна на композиторот Џеј Ливингстон и текстописецот Реј Еванс за потребите на филмот „ Капетанот Кери“од 1950 година.
Насловот на композицијата и стиховите се однесуваат на ренесансниот портрет на Мона Лиза насликана од Леонардо да Винчи.
Песната го освои Оскарот за најдобра оригинална песна во 1950 година.
Интересно е дека првиот музички аранжман на песната бил во инструментална верзија во оркестрација на Нелсон Ридл а ја одсвирил оркестарот на Лес Бакстер.Дури и насловот на песната бил поинаков – „ По полноќ“. Тоа била всушнот музичка тема која ја свири еден уличен музичар на усна хармоника во филмот „ Капетанот Кери“,како предупредување дека доаѓаат германски војници.
Верзијата која ја испеал Нет Кинг Кол и која била дел од саундтракот на филмот „Капетанот Кери“ , поминала пет недели на првото место на листата на синглови на Билборд во 1950 година.Оваа верзија на Кол е внесена во Греми холот на славните во 1992 година…
Нет Кинг Кол оваа песна ја опишал како една од неговите омилени песни меѓу оние кои тој ги отпеал.
Елвис Присли, Џим Ривз, Вили Нелзон, Шејкин Стивенс, Браќата Невил, Натали Кол, Бин Крозби, … се некои од имињата на познати интерпретатори кои ја отпеале оваа песна. Голем е бројот и на оркестри и инструменталисти кои на својот репертоар ја имаат оваа прекрасна музичка тема која е стара речиси цели 70 години.
Песната може да се слушне и во филмот „ Поглед во двориштето “ на Алфред Хичкок од 1954 година , во британскиот филм „ Мона Лиза“ од 1986 година како и во крими комедијата „Новајлијата“ од 1990 година со Марлон Брандо во главната улога.
Посетување на „Мона Лиза“ во изведба на извонредниот Нет Кинг Кол од 1950 година.
Пишува: Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк