• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
недела, јуни 29, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Во потрага по трајната убавина

Монографија „30 години Поетска ноќ во Велестово“

декември 25, 2018
in Во потрага по трајната убавина
Монографија „30 години Поетска ноќ во Велестово“

Монографија „30 години Поетска ноќ во Велестово“ деновиве излезе од печат во издание на Поетска ноќ од Велестово и ПНВ Публикации-Скопје. Монографијата, која  ја подготви  основачот на манифестацијата Славе Ѓорѓо Димоски, покрај текстуален материјал, богато е илустрирана со фотаграфии кои хронолошки го претставуваат развојот на манифестацијата во изминатите три децении.

Манифестацијата претставува антологија на македонската поезија и сликарство. Во изминатите 30 години на Поетската ноќ во Велестово  беа претставени најзначајните македонски поети и сликари, меѓу кои: Јован Котески, Гане Тодоровски, Матеја Матевски, Петре М. Андреевски, Радован Павловски, Михаил Ренџов, Богомил Ѓузел, Раде Силјан, Веле Смилевски, Ристо Василевски… до најмладите, а меѓу  сликарите учесници беа: Вангел Наумовски, Родољуб Анастасов, Глигор Чемерски, Владимир Георгиевски, Боро Митриќески, Коле Манев, Сергеј Андреевски, Славко Упевче, Јордан Манасиевски, Стефан Хаџи-Николов, Емил Шулајкоски…

Во монографијата е опфатен антологиски избор со по една песна од досегашните пртеставени автори, а изборот и пригодниот текст го направи Санде Стојчевски.

Бидејќи манифестацијата има и меѓународен карактер, претставен е избор на досегашните поети-странци кои биле учесници, а доаѓале од: Ирска,  Норвешка, Русија, Италија, Албанија, Словенија, Србија, Црна Гора, Бугарија, Естонија, Словачка…

Во своето постоење манифестацијата две свои јубилејни изданија (на 25-тиот и на 30-годишниот јубилеј) посвети на поновата македонска поезија  и по тој повод објави книга, а во монографијата се претставени сите со избор од нивната поезија.

Текстуалниот дел, покрај воведните делови кои се однесуваат на податоци за селото и за манифестацијата, збогатен е со искажување и обраќања на наши и странски уметници. Монографијата технички  ја подготви Јованчо Димоски.

Монографијата е објавена со поддршка на Општина Охрид.

Публицитет.мк 

Посетеност: 101
Share
Previous Post

„Охрид под снег“ – да нема забуни фотката е од пред три години

Next Post

Со одлука на владата 2 јануари за јавната администрација ќе биде неработен ден

Next Post
Со одлука на владата 2 јануари за јавната администрација ќе биде неработен ден

Со одлука на владата 2 јануари за јавната администрација ќе биде неработен ден

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 101

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk