Културно – уметничкото друштво „Ѓердан“ од Охрид во 2018 година ќе слави 50 години од своето постоење.
По повод овој голем јубилеј на КУД „Ѓердан“ ќе биде издадена и богата монографија со содржини и фотографии од формирањето и растежот на овој македонски и охридски амбасадор на фолклорот низ светот.
Методија Бараковски еден од основачите на КУД „Ѓердан“ преку Публицитет.мк ги повикува сите некогашни членови од сите генерации да се обратат до него и да помогнат во собирањето материјал за изработка на монографијата.
-Добредојдени се фотографии, сеќавања од турнеи и настапи во Охрид и во странство. Би било убаво луѓето кои биле дел од ова друштво да ме контактираат на мојот мобилен број 070 304 026 за полесно да ја продолжиме комуникацијата, вели Бараковски.
Публицитет.мк