Дојдете до изворот на душата каде гори огнот на љубовта.
Духовното битие во прва смисла опстанува со есенцијата на седум основни сили: ред, волја, самодисциплина, трпеливост, љубов и мир.
На мајката Земја сме со цел да го градиме мостот на верба, доверба и трпение. Камењата на мостот сме сите ние, а за поврзување на градбените камења е потребна љубов.
За мостот да биде поцврст прво треба да воспоставиме мир со самите себе.
Чекор по чекор со средување на своите мисли т.е. нивната содржина со пролистување на потсвеста од негативни мисли, а со тоа се прочистуваат и телесните клетки, тоа води кон повисоко – животната сила.
Тогаш диминира љубовта на слобода која води кон чувството на среќа и преовладува радосен духовен пулс. Да го градиме мостот на љубовта. Со тоа ќе оддадеме благодарност и почит кон мајката Земја која со уште поголема благодарност ќе ни возврати.
Тоа е свесниот пат кон изворот на божествената енергија која се спротиставува на моменталното опасно живеење од поединци со ненаситно его и страсти.
Мостот на љубовта да биде симбол на човекова вера со дела. Какви вибрации се испраќаат во универзумот, такви одговори за возврат се добиваат.
Апел: од мостот на љубовта да испраќаме позитивни вибрации. Изборот е наш и само наш.
Лична одлука: Да царува универзалната љубов која зрачи со безусловност. До оние кои скршнале од овој пат следува еден совет: тргнете ја маската закитена со ароганција зошто зад неа се крие срамот за искрено искажување на љубовта која сакале или не ја поседувате од Вашето раѓање.
Сите градители на мостот на љубовта се вооружани со трпение и го очекуваат мигот на одлука да се приклучат во изградбата на истиот чиј темел е цврсто заснован на карпа, а не на жив песок.
Не се противете на универзалните закони зошто мнозинството на планетава се пробудени и интензивно учествуваат во изградба на мостот игнорирајќи ја Вашата непробуденост.
Со придонес во изградбата на мостот на љубовта почнувате да чекорите по единствениот сигурен пат кон духовна слобода заснована на морал, етика и совест.
Сто години е мал период да се почувствуваат благодетите на убавините кои ги нуди овој дел од универзумот на кој престојуваме.
Воедно да се ужива во многуте убави пишани зборови, врвни дела од ликовната уметност, музички творби и архитектонски градби, создадени од плејада припадници на човечкиот род кои несомнено воспоставиле спој со виша интелегенција.
Од секое такво дело еден човек се возвишува и доаѓа до многу одговори за неговата непресушна љубопитност, бидејќи секое такво дело е макотрпно создадено со една цел: да се пробуди чувството за убаво во еден човек.
Изминато е многу време кога Диоген со свеќа среде ден барал „човек”. Но тој негов чин не е незабележан од поединци кои не останале рамнодушни и извлекле поука која ги вовлекува во длабока самоанализа. Таквите припадници на човечкиот род се препознаваат и изнаоѓаат начин да го возвишат мостот на доверба и љубов. Тоа за нив е животен предизвик.
Привилегија е да се претстојува на планетата Земја. Затоа треба да се заслужи од секој аспект. Тоа е можно со висока верба спроведена со дела за кои не секогаш се потребни материјални средства.
Љубовта не е видлива туку тоа е енергија која може да се почувствува доколку се пробудат рецепторите за истото кои за жал знаат да бидат блокирани од најнегативното чувство – стравот кое го наметнува овој наметнат опасен начин на живеење.
Високосвесно спротивставете се на тоа зло и отворете го влезот на љубовта. За да го живеете животот како „човек” со севкупна самопочит и почит кон секој кој ја заслужува истата.
Со овие доблести се станува цврст сегмент од мостот на љубовта од кој се пушта апел за компромисен соживот на Земјата, така животот би се живеел долго, квалитетно и со цел.
Бидете дел од мостот на љубовта а не учесник во изградба на нечија лична империја која несомнено нема светла иднина, како што впрочем многупати е докажано низ историјата.
Изборот е личен со сите придобивки и последици но без обвинување на тие околу себе заради непромислениот избор. Овие зборови се наменети кон сите оние кои се во потрага по смиреноста за опстанок на Земјата во овој физички облик.
Затоа е потребно размена на енергии, работа и соочување со реалниот живот кој несомнено носи многу препреки за кои треба да се најде начин да се совладаат на мирољубив начин за севкупна добробит.
За совети постојат авторитети од секој домен кои ги негуваат и надоградуваат догмите од својата сфера. Само искрено прашање и реален одговор се разрешница на секој проблем. Тоа е можно само со соединување во хармонија и безусловна љубов кои водат кон свесноста космичкото постоење.
М-р по фармација Мери Филева Маленкова
Публицитет.мк