Слаткарницата и бурекџилницата ПЛАМА од Охрид се наш нов партнер во делот од маркетингот.
Ова мало царство на солените и слатки вкусови во Охрид постои 22 години. Почетоците на Палма се од далечната 1994 година.
Со Весна Смилковска разговараше Милчо Јованоски
-Во мигов нудиме 107 видови на слатки и торти а во бурекџилницата од почетните 17 видови понудата ја зголемивме и во делот на домашните производи од типот на комат, проја и гибаница ,а произведуваме и полулиснати производи, вели во интервјуто за Публицитет.мк сопственичката Весна Смилковска.
Со слаткарство пред околу 30 години започнал да се занимава таткото на Весна тој започнал со еден свој пријател во Несебар – Бугарија. Но набрзо поради нестабилната економија таму се враќа и отвора слаткарници во Скопје и Охрид. Неговиот бизнис го презедоа синот во Скопје, а ќерка му ( Весна ) со сопругот Јован во Охрид. Моментално слаткарницата во Скопје е затворена , но затоа во оваа охридската можете да влезете и да пазарите од 7,30 до 22 часот и во летниот период од 7,30 до 1 часот по полноќ.
– Ни е во ПАЛМА сме една мала индустрија – еден вид семеен бизнис во кој сме вклучени сите а имаме и низа соработници од градот и Македонија со кои комуницираме и заеднички ги развиваме бизнисите. Со некои соработуваме со децении и одамна сме пријатели и имаме меѓусебна доверба, додава Весна.
Слаткарницита и бурекџилница ПАЛМА од пред седум години во кујната работи по ХАСАП системот. Има три засебни кујни за слатките, печивата и домашните печива.
Уште од сега како и годиниве наназад хит ќе се сладоледите од „Палма“. Имаат дури 30 посебни вкусови.
Во интервјуто со Весна Смилковска зборувавме за вклученоста на нивните деца во процесот на работа, за љубезноста со купувачите и за патот до успехот.
Има уште кликнете за да го слушнете целиот разговор на линкот погоре.
Публицитет.мк