Во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ –Каменско во Охрид вчера беше поставен мозаик што ќе го краси страничниот ѕид пред влезот во овој православен верски храм.
Мозаикот „Од коренот Јесеев“ е дело на академскиот сликар и професор Благоја Кузмановски. На него се поставени Пресвета Богородица и Исус Христос, како и уште 14 старозаветни ликови, од кои 12 се пророците кои го пророкувале доаѓањето на Исус Христос преку Пресветата мајка Богородица.
Како што појаснува парохискиот свештеник, отец Димче Азески, оваа фреска како претстава е многу ретка, а како мозаик се изработува првпат.
Изработена е од позлатени камчиња донесени од Грција и Венеција. Авторот ја работел во текот на изминатите две години.
Публицитет.мк