• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
среда, август 27, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Аргументи за

Муамер Доко:Пријатели,честитките за Бајрам,што ми ги пративте мене и на сите сограѓани Муслимани ми ја стоплија душата

јуни 27, 2017
in Аргументи за

Драги мои пријатели каде и да сте, сакам лично да Ви се заблагодарам за сите честитки за Рамазански Бајрам што ми ги испративте мене и на сите ваши сограѓани Муслимани, напиша на својот фејсбук профил Муамер Доко од Охрид, директор на ОУ „Братство – Единство“. 

 Многубројните добиени искрени честитки за Бајрам ја исполнија со радост и топлина мојата душа. Прекрасно е чувството кога гледам дека различните националности се почитуваат меѓу себе, се дружат и си честитаат. Ова неизмерно богатство што го имаме треба да го чуваме и градиме и во иднина. Тоа се највисоките вредности на човештвото. Времето покажува дека народот созрева и се освестува. Продолжете само така, со почитување еден кон друг, само тоа е единствениот и сигурен пат кон стабилна и просперитетна држава. Господ да им подари се што сакаат во животот на оние кои мислат позитивно за сите како и за себе.

Поздрав и се најдобро на сите мои пријатели од другите религии…

СИТЕ СМЕ ЕДНО

Преку широката лепеза на науките и достапноста на средствата за масовна комуникација, осознавајќи ги луѓето, секојдневно воочуваме разлики, но и сличности меѓу себе и другите луѓе. Без разлика дали станува збор за надворешен изглед, темперамент, карактер, ставови или која било друга карактеристика, веројатно побргу ни паѓаат во очи и побурно реагираме на разликите, а не сакаме да го забележиме сличното во другите очи. Разлики има веројатно колку што има луѓе на планетава Земја, но што е со сличностите?

Сите ние сме луѓе и сите имаме заеднички потреби за изобилство од љубов, грст мир во себе и во светот и трошка среќа.

Сите ние можеби сме различно скроени и секој од нас е своја приказна, своја грижа и своја радост, но она што нè обединува е желбата за љубов, среќа, мир и разбирање. Од една страна, разликите се оние поради кои постои подем во општеството, а од друга страна, тие се причината поради која постои и нееднаквост помеѓу луѓето, што во некои случаи може да резултира со појава на омраза, која во никој случај не треба да дозволиме да нè надвладее.

Нашето училиште години наназад покажува и докажува дека е пример за единство и соживот, место каде владее хармонијата, квалитетот, креативноста и неуморната работа. Учениците се нашето богатство, оние кои ја градат иднината. Ние сме единствени во градот кои ја имаме честа да ги соединиме различностите во едно. Зашто клучот за успех кон разбирање на луѓето од различни култури е во меѓусебното почитување и прифаќање на другиот таков каков што е.

Она што Ви го посакувам е да бидете тоа што сте, не откажувајте се од она што го сакате, живејте го животот! Сè додека не повредувате никого и не им мислите лошо на другите-вие сте луѓе .

Сите сме исти, без разлика на вера, пол или боја на кожа. Сите се раѓаме како tabula rasa ( чиста табла) исти, а потоа се оформуваме како луѓе, избираме какви ќе бидеме.

Едно е сонцето што нè грее, едно е небото над нас, една е крвта што тече низ вените, еден е животот даден од Бога-СИТЕ СМЕ ЕДНО!

muamer

Муамер Доко , Охрид

Публицитет.мк

Посетеност: 70
Share
Previous Post

Во Австралија живеат 98.441 Македонец

Next Post

Нова изложба во Робевци „Внатрешна градина“ од ликовниот уметник Емилија Персу од Романија

Next Post

Нова изложба во Робевци „Внатрешна градина“ од ликовниот уметник Емилија Персу од Романија

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 70

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk