И додека студот кај нас стега и „каса“ на јужната хемисфера веќе е лето. Со тоа и во Австралија и оваа Нова година ќе биде дочекана со високи температури а на Дедо Мраз ќе му е тешко да остане во традиционалниот костим.
Но Нова година си е Нова година независно дали со жештини или студ. Пред два дена весело по традиција беше и во студијата на државниот национален радидодифузен сервис СБС во Сиднеј и Мелбурн . Колегите од околу седумдесет редакции ( на толку јазици се продуцираат и емитуваат програми ) имаа заеднички традиционален ручек пред Божик.
Раководителот и уредник на македонската редакција – колешката Радица Бојковска – Димитровска на пример за да претстави дел од македонската кујна како што ни кажа на колегите им понудила тавче – гравче и печени пиперки со маслиново масло, лук, лимон и босилок.
Нема сомнение дека сите биле задоволни од нејзината кулинарска вештина и избор, а некои побарале и репете.
Но, храната само била поттик за дружба и мала оддишка од секојдневната трка по информации и желбата секогаш да се биде на врвот.
Ако не можеме да вкусиме , барем да погледнеме како изгледале богато наместените маси во СБС .
Среќна ви Нова година драги колеги!
Публицитет.мк