• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, септември 16, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Аргументи за

На 27 август во Охрид – Чествување и промоција на Зборникот “ За и од Киро Глигоров”

јули 24, 2018
in Аргументи за
На 27 август во Охрид – Чествување  и промоција на Зборникот “ За и од Киро Глигоров”

Деновиве од печат излезе петтиот број на списанието „Дипломатски летопис“, што го издава Дипломатскиот клуб од Скопје.

Тематски, овој број е фокусиран на одбележувањето на 25 годишнината од приемот на Република Македонија во Обединетите нации, а во тој контекст и за придонесот на првиот претседател на независна и суверена Република Македонија, Киро Глигоров.

Во таа смисла, списанието го пренесува говорот на претседателот Глигоров на седницата на Генералното собрание на обединетите нации, на 8 април 1993 година,подвлекувајќи ги неговите зборови: “Приемот на Република Македонија во мегународното семејство на народите, е чин со кој триумфира правдата и светол пример како еден мал и мирољубив народ, по мирен и легитимен пат, го оствари своето право на самоопределување и државност и својата одговорност во мегународната заедница”.

На страниците на списанието може да се најде и промотивната реч на Ахил Тунте,по повод Зборникот “ За и од Киро Глигоров”, на неговиот долгогодишен соработник, советникот Ахил Тунте.

Тунте, мегу другото, разјаснува дека формулацијата привремено решение во врска со референцата, е на тогашниот генерален секретар Бутрос Гали, а не на Киро Глигоров.

– ОН, мегу другото, ја презедоа медијаторската улога за разрешување на постојаната разлика во спорот, наметнат од грчка страна, околу името на нашата земја. Приемот беше настан за паметење – отворање нова страница на вековната македонска историја, нејзин дефинитивен премин од состојбата на објект во состојба на субјект во мегународните односи. Се намретнува прашаењето: Како ќе изгледаа изминативе 25 години, ако останевме надвород ОН – пишува Ахил Тунте.

Главниот и одговорен уредник на “Дипломатски летопис”, Драган Јањатов,  открива дека на 27 август во Охрид, во соработка со МАНУ, ќе се организира чествување и промоција на Зборникот на трудови “ За и од Киро Глигоров” од Научната конференција поповод 100 годишнината од раѓањето на Глигоров..

Во списанието, за  книгата “Од обејкт до субјект: Македонија во мегународните односи”, на дипломатот од кариера, амбасадорот Виктор Габер, пишува промоторот, пропфесор д-р Ирена Стефоска.

Во рубриката “Настани”, “Летописот” го пренесува обраќањетѕо на министерот за надворешни работи Никола Димитров,по повод  Денот на МНР -29 април.

Рубриката “Чествување”, пак, го пренесува освртот на Драган Јањатов: “Дипломатскиот аспсект на просветителските мисии на браќата Кирили Методиј”.

Рубриката “Од дипломатскиот бележник” ја пополнува д-р Коста Балабанов, со вториот дел од освртот: “Половина век македонско –ј апонски врски и односи”.

Гости – надворешни соработници во овој број се Даниела Баришиќ, амбасадор на Република Хрватска, која пишува за истоветниот јубилеј – 25 години од приемот на Хрватска во ОН, додека текстот на постојаниот координатор на ОН во Скопје, Луиза Винтон, носи наслов: “Никој да не биде изоставен”.

Амбасадорот Д-р Ѓорѓи Филипов,објавува поводен текст 25 годишнината од  зачленувањето на Република Македонија во Светската организација за интелектуална сопственост (СОИС), помошникот директор во МНР Сања Зогравска за “Целите на одржлив развој во системот на ОН”, Аделина Марку, директор на Дипломатската акдемија во МНР, за аспектите на културната дипломатија, додека д-р Гроздан Цветскоски за “Комплиментарноста помегу дипломатијата и разузнавањето”.

Публицитет.мк 

Посетеност: 84
Share
Previous Post

Преку европски фондови до подобра прекугранична соработка на невладините од регионот

Next Post

Во Струга, Темплум, ќе го промовира Собраното творештво на Димитрие Дурацоски

Next Post
Во Струга, Темплум, ќе го промовира Собраното творештво на Димитрие Дурацоски

Во Струга, Темплум, ќе го промовира Собраното творештво на Димитрие Дурацоски

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 84

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk