На планината Игман во Босна и Херцеговина деновиве беше одбележана 75 годишнината од Игамнскиот марш.

На манифестацијата присуствувале близу 20 000 луѓе од поранешна Југославија и антифашисти од Русија, Австрија и Италија.

На маршот долг 20 километри во знак на сеќавање на паднатите жртви и на настанот од 1942 деновиве учествуваа околу 5000 луѓе.

Зоран Стевоски со актерот Јосип Пејаковиќ
Во месноста Велико Поље бројни делегации положиле венци и букети цвеќе во знак на почит на некогашниот подвиг на Првата пролетерска бригада.

На Игманската епопеја во делегацијата од Македонија беше и Зоран Стевоски од здружението „Брег на младоста“.
Публицитет.мк






