На влезот во стариот Охрид на почетокот на улицата „Цар Самоил“во близина на Долна Порта, во една од преубавите охридски куќи во староградски стил, во нејзиното приземје е сместен „светот“ на нашиот денешен собеседник во рубриката „На минување“ Мишo Јузмески, неговата „Култура 365“ .
Според сопственикот и основач Јузмески „Култура 365“ има единствена цел да биде место каде што се создава и промовира културата .
Неколку години наназад тоа е простор во кој уметниците не само што се среќаваат, туку разменуваат креативна енергија, идеи , отвораат изложби и промовираат поетски збирки и книги.
Дел од „Култура 365“ е и Спомен собата на холандскиот писател, новинар и публицист А.Ден Долард. Јузмески за него и значењето на неговото творештво сврзано со Охрид и Македонија напиша веќе една, а пред промоција е и втората книга.
– Долард целиот свој живот го носел Охрид во срцето, вели Мишo јас секако не сум првиот кој му се навраќам , но на овој начин сакам да ја продлабочам врската меѓу Македонија и Холандија , а преку неа и со светот.
Нашиот собеседник Јузмески зад себе веќе има 6 дела кои освен на македонски веќе се преведени на англиски, холандски, бугарски и чешки. Претежно пишува проза,зашто како што ни рече бидејќи преку неа полесно и поубаво се изразува .
Со клик на линкот подолу, слушнете го интервјуто со Мишo Јузмески :
Разговараше: Милчо Јованоски
Публицитет.мк