Замената на тези како средство за правдање на катастрофалните политики што ги практикуваше СДСМ во Охрид, а кои го девастира градот до темел, им се добро познати на охриѓани. Така и екстремната партизација и непотизмот кои беа суштинска одлика на нивното осум годишно владеење,стои во реакцијата на Општина Охрид.
За стручноста на кадрите кои тие ги ангажираа доволно говори состојбата на градот во 2013 година: 50 милиони евра долг, блокирани сметки на сите локални институции, загрозени општински имоти поради хипотеки, бројни неисплатени надоместоци на вработени, 600 судски спорови против општината, урбан хаос. Охрид е мало место , охриѓани ова многу добро го знаат и со ниедна замена на тези не може да биде маскирано.
Екстремно се разликуваме дури и во начинот на вработување. Тие правеа фиктивни вработувања и за повеќе од половината не исплатија ни денар. Ние работно ангажираме и вработуваме согласно строгите законски одредби, плаќаме до денар за секоја минута работен ангажман , а освен тоа ги плаќаме и надоместоците за вработувањата кои тие ги направија, за манипулативни цели без да им го надокнадат тоа што охриѓани со труд и пот го одработиле, стои во реакцијата на одделението за односи со јавнос при Општина Охрид.
Публицитет.мк