Охриѓанецот Петар Кочовски деновиве учествуваше на 69.Светскиот куп по хармоника во градот Ростов во Русија и таму го освои високото 12 место.
На овој настан од светски ранг Петар во категоријата јуниори беше единствен претставник од Македонија а за противници, ако може да се каже во спортски жаргон имал уште околу 100 хармоникаши – негови врсници од многу држави во светот.
Петар во натпреварувачки – музички занес во Ростов – Русија
-Голем предизвик е да се учествува на ваков голем натпревар, всушност тоа беше олимпијада по хармоника. Воедно тоа е и прекрасно чувството, се учат многу нови работи, се стекнуваат голем број пријателства… Во Русија ме придружуваше мојот ментор – професорот по хармоника Косто Тодоровски од Тетово. Со еден збор кажано, огромна е честа да се учествува на толкава голема манифестација и да се претставува својата држава,Македонија, вели за „Публицитет.мк “ Кочоски.
Петар со професорот Косто Тодоровски
Во 15 минутното претставување пред жирито и публиката. Петар ги отсвирел: „Капричо“ од Репников, „Соната во Ф –дур“ од Доменико Скарлати и „Калина Краснаја“ од композиторот Семјонов.
Меѓународното жири на светскиот куп во Ростов на Дон првото место во категоријата јуниори му го доделило на претставникот од Молдавија а за севкупен победник на купот бил прогласен хармоникаш од Русија.
Градот Ростов иниз кој тече позната руската река Дон
-Купот во Русија веќе е минато, ќе ми остане во во спомен дипломата која ја добив за учество и искуството кое е веќе на моја страна. Уште отсега размислувам за идната светска олимпијада по хармоника закажана за идната година во Италија. Во Македонија ме чека државниот натпревар по хармоника, продолжувам во средното музичко во Струга и со часовите во Тетово, а и натаму ќе сум дел од оркестарот на КУД „Ѓердан“, вели Кочоски.
М. Јованоски, Публицитет.мк