Денеска со почеток во 14.00 часот, во амфитеатарот на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ Охрид ќе се одржи свеченост по повод врачувањето на дипломи на втората генерација на дипломирани студенти и првиот студент кој магистрира на Универзитетот.
Дипломите ќе ги врачи Ректорот на Универзитетот Нинослав Марина кој ќе има свое обраќање до присутните, а во рамките на свеченоста ќе биде означен и почетокот на новата академска година.
Публицитет.мк