• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, септември 16, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Аргументи за

На Универзитетот “Св. Апостол Павле” во Охрид, се одржа обука за студенти на тема “ГОВОРОТ НА ТЕЛОТО“

јуни 1, 2018
in Аргументи за
На Универзитетот  “Св. Апостол Павле” во Охрид, се одржа обука за студенти на тема “ГОВОРОТ НА ТЕЛОТО“

Вчера во Државниот Универзитет “Св.Апостол Павле” во Охрид, се одржа обука за студенти на тема “ГОВОРОТ НА ТЕЛОТО“.

Универзитетот “Св.Апостол Павле” од Охрид под раководство на Ректорот Проф.Д-р Нинослав Марина заедно со Декан Проф.Д-р Устијана Речкоска Шикоска во соработка со „Европскиот Институт за менаџмент, право и дипломатија“, претставуван од Проф. Д-р Зендел Абедин Шехи од Скопје, реализираа еднодневна работилница за “Говорот на телото“.

 ЕУ Институтот редовно врши едукација на компании, вклучен е во едукација на персонал на приватни клиники, хотели, обука на студенти, врши едукација на персонал во образовниот и воспитно-образовниот систем, обучува кадар во општините како во Македонија така и во Европа. Целото предавање и комуникација со студентите во Охрид се одвиваше на англиски јазик. 

 34011429 2150622148311364 5018333350213976064 n

Семинари, класични и интерактивни работилници се дел од сегментите со кои се занимава ЕУ Институтот за Менаџмент, Право и Дипломатија.

Ова се основни сегменти на дел од секое работење, на секаков вид на кадар во фирми, институции или поголеми компании.

 

За работата на ЕУ ИНСТИТУТОТ до сега сведочат преку 1700 лица кои беа дел од нашите обуки и семинари ( во Македонија и Европа ) и 27 одржани интерактивни работилници, едукација и семинари во 2017година.

34347224 10156977522389367 1983326325749841920 n

„Треба се повеќе да се усовршуваме и надградуваме во своите знаења.

Да ги подобриме сопствените знаења и практично да ги усовршиме комуникациските вештини, со цел за подобра комуникација со децата кои се една од најранливите категории.“ изјави проф. Д-р Зендел Абедин Шехи.

34180071 2150628014977444 8803611628747620352 n

По успешно одржаната промоција на книгата “ГОВОРОТ НА ТЕЛОТО“ која се реализира на крајот од 2017 год. во Охрид во НУ “Григор Прличев“ ова е уште една соработка на ЕУ институтот со високообразовна институција во Охрид.

34062982 10156977543584367 6079067818513399808 n copy copy

Пиарот на Институтот Верица Пандиловска – Гичева пред присутните ја претстави книгата на д-р Абедин Шехи „Говорот на телото’ која освем на македонски е преведена и на албански, српски , англиски и германски и е тесно поврзана со предавањата кои професорот ги држи на многу места во Македонија и надовр од неа. 

“Професионалното усовршување на студентите Универзитетот “Св.Апостол Павле“ е од круцијално значење за успешно менторирање и правилно насочување на студентите. Со самото тоа природно се наметна потребата за едукација во оваа област говор на тело на истите.“ изјави Проф Д-р Нинослав Марина.

34157281 2150621831644729 405255410195365888 n copy

Обуката се одржа во просториите на Универзитетот “Св.Апостол Павле” – Охрид кој е опремен со најсовремена технологија за одржување на ваков вид на едукација. Учесниците на предавањето имаа можност да се надоградат во своите вештини на говор на тело и комуникација, но и да бидат дел од извонредна атмосфера и дружење. Во знак на сегашна и понатамошна соработка двете институции се договорија за потпишување на меморандум за соработка.

Публицитет.мк 

Посетеност: 102
Share
Previous Post

Општина Охрид распиша оглас за издавање под краткотраен закуп на пет плажи

Next Post

Што ќе гледаме во јуни?

Next Post
Што ќе гледаме во јуни?

Што ќе гледаме во јуни?

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 102

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk