Климент Наумов од Охрид, на покана од Словенечката веслачка федерација и клиниката за меѓународни веслачки судии учествуваше на семинар кој се одржа во Покљука од 16 до 19 ноември.
Зимскиот спортски центар Покљука се наоѓа на само 25км западно од Блед. Тука следната седмица ќе се одржи светското првенство во биатлон. Неговото учество беше поддржано од страна на Светската федерација на веслачки асоцијации (FISA).
Испитот за FISA судии од регионот ќе се одржи во Блед во јуни наредната година пред светското веслачко првенство. Климент е национален веслачки судија од 2009 година. Тој на крајот на јуни годинава беше делегиран од Македонската веслачка федерација и Македонскиот олимписки комитет како дел од судискиот тим на Медитеранските игри во Тарагона-Кастелдефелс, Шпанија.
Наумов е кандидат за меѓународен FISA веслачки судија. На 27ми 28ми, 29ти и 30ти јуни учествуваше и на семинарот во организација на судиската комисија на FISA. Тој таму беше дел од судискиот одбор составен од национални судии на веслачки федерации претставувајќи ја Република Македонија.
На овој начин Македонија ќе влезе во светското семејство на арбитри во веслачкиот спорт.
Публицитет.мк