Историјата вели дека Охрид во 1944 година бил два пати ослободуван. Првото ослободување се случило на 15 октомври кога партизанските едници нападнале и и влегле во Охрид, а германските војски се повлекле кон Албанија.
Во ноември од Лерин се повлекуваат германските СС единици и доаѓаат кон Битола, Ресен и Охрид. Со одлука на Генрал штабот се наредува на 7 Ноември партизанските едници по втор пат да го нападнат и ослободат градот од германскиот окупатор, вели историчарот д-р Павле Митрески од Охрид.
Во ослободувањето на градот покрај Охридската бригада учествувале и Првата макеодонска ударна бригада и Четвртата албанска бригада. Борбите траеле цели 15 часа, а се воделе и улични борби. Дури 28 партизани ги положиле животите за слободата на Охрид.
Слава им!
Публицитет.мк