Синоќа во Берлин на свечена церемонија беа доделени НАГРАДИТЕ НА ЕВРОПСКАТА ФИЛМСКА АКАДЕМИЈА кои оваа година беа доделени по 28 пат.
И веднаш да кажеме дека НАГРАДАТА ЗА НАЈДОБАР ЕВРОПСКИ ФИЛМ ЗА 2015 година му припадна на италјанскиот филм „ МЛАДИ“ на режисерот Паоло Сорентино.Филмот освои уште две награди и тоа: за НАЈДОБРА РЕЖИЈА која му припадна на ПАОЛО СОРЕНТИНО и за НАЈДОБРА МАШКА УЛОГА која ја освои ветеранот МАЈКЛ КЕЈН. Овој актер ќе замине дома со две награди. Имено,како што беше од порано објавено според одлуката на ЕВРОПСКАТА ФИЛМСКА АКАДЕМИЈА нему од рацете на председателот на академијата Вим Вендерс му беше врачена и ПОЧЕСНАТА НАГРАДА ЕФА.
При примањето на наградата тој беше поздравен од присутната публика со бурен аплауз.При примањето на втората награда Мајкл Кејн ,видно возбуден и изненаден , се заблагодари на наградите и се пошегува со зборовите:„ Цели 50 години никој не ми додели награда овде во Европа , а сега во една вечер добив две“. Инаку Кејн досега има освоено две награди Оскар и четири пати бил номиниран за оваа награда.
ЗА НАЈДОБРА ЕВРОПСКА АКТЕРКА ВО 2015 ГОДИНА е прогласена ШАРЛОТА РЕМПЛИНГ за улогата во филмот „ 45 ГОДИНИ“.
Во категоријата НАЈДОБРА ЕВРОПСКА КОМЕДИЈА наградата ја освои шведскиот филм ГУЛАБОТ КОЈ СЕДЕШЕ НА ГРАНКАТА И РАЗМИСЛУВАШЕ ЗА СВОЕТО ПОСТОЕЊЕ на режисерот РОЈ АНДЕРСОН.
ЗА НАЈДОБРО ЕВРОПСКО ОТКРИТИЕ е прогласен филмот МУАСТАНГ на режисерот Денис Гамзе Ерѓувен.
За првпат од оваа година започна да се доделуваат и посебни награди во категоријата НАЈДОБАР ЕВРОПСКИ ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ. Оваа награда ја освои филмот „ЕЈМИ“ на режисерот АСИФ КАПАДИА.
Наградата ЕФА ЗА НАЈДОБАР АНИМИРАН ФИЛМ ја освои анимираниот филм „ПЕСНА ЗА МОРЕТО “ на режисерот Том Мур.
Голем успех постигна хрватскиот филм „ПИКНИК“ кој ја освои наградата ЕФА ВО КАТЕГОРИЈАТА НАЈДОБАР КУСОМЕТРАЖЕН ФИЛМ.Режисер на филмот е Јуре Павловиќ.
Од поважните награди ќе ја споменеме и наградата за НАЈДОБРО СЦЕНАРИО која му припадна на двоецот ЈОРГОС ЛАНТИМОС и ЕФТИМИС ФИЛИПОУ за филмот „Јастог“.
Беа доделени и наградите за најдобар кинематографер, монтажа, продукција,костимографија, музика и дизајн на звук.
За најдобар филм според избор на публиката наградата му припадна на шпанскиот филм: МОЧУРИШТЕ на режисерот Алберто Родригез.
Ѓоко Симјаноски , Публицитет.мк