Божиќните филмови се еден посебен филмски жанр во кој се сместени сите приказни кои се поврзани со овој празник.
Секоја година овој филмски жанр се збогатува со по неколку нови филмови со што бројката на филмови, која стануваат актуелни во прдвечерието на Божиќните и новогодишните празници ,е се поголема .Некои од нив во годините наназад станаа вистинска класика како на пример:ТОА Е ПРЕКРАСЕН ЖИВОТ,ЧУДОТО ВО 34 УЛИЦА,НАВИСТИНА ЉУБОВ, САМ ДОМА. ДЕДО МРАЗ и многу многу други.
Овие денови се прават многу листи на најпопуларните, најдобрите, најмногу романтичните …филмови за Божиќните празници , се со една цел тие да бидат препорака празничните моменти да се надополнат со некој убав Божиќен филм кој иако можеби сте го гледале и порано нема да биде на одмет да го погледнете уште еднаш и овој Божиќ заедно со семејството во овие студени декемвриски ноќи.
Еве, вклопувајќи се во таа понуда одлучивме да направиме еден посебен избор од 10 исклучиво АНИМИРАНИ филмови кои говорат за Божиќ.Како и кај играните филмови така и кај анимираните се создаваат приказни сврзани со божиќните празници во кои познати јунаци од светот на анимираните филмови доживуваат божиќни авантури.
БОЖИЌНАТА ПЕСНА НА МИКИ
Да се направи листа од најпопуларните анимирани филмови кои говорат за Божиќ а притоа таму да нема некој филм од творештвото на Волт Дизни , е незамисливо.
Филмот “ Божиќната песна на Мики“ е создаден во 1983 година и треба да се спомене дека е ова првиот оригинален филм за Мики Маус , изработен во класична анимација, по повеќе од 30 години.
Дејствието на филмот се случува на Бадник во Викторијанската Англија. Боб Скрочет (Мики Маус) е вработен кај алчниот по пари Ебенезер Скруџ, кој нема семејство и кому празниците не му значат ништо.Него не го интересира што е Бадник ,кога целото семејство се собира на бадниковата софра, туку од својот вработен бара да работи и тој ден до доцна во вечерта.
Но, неколку сеништа ќе го посетат алчниот Ебенезер и ќе му покажат дека парите не се најважни во животот. Убава Божиќна приказна која потсетува на вредностите на семејството.
ЧАРЛИ БРАУН И БОЖИЌ
Филмот „ Чарли Браун и Божиќ“ е телевизиски филм од 1965 година и е направен врз темелите на стрипот „ Кикиритки“ на Чарлс М. Шулц. Филмот го режирал Бил Мелендез а своето премиерно прикажување го имал на 9. Декември 1965 година на телевизискиот канал СИБИЕС.
Главниот лик во филмот Чарли Браун се наоѓа во депресија и покрај тоа што наскоро доаѓаат божиќните празници. Неговата другарка Луси го советува Божиќ да го советува на училиште да подготви приредба посветена на Божиќ, но тој ќе биде игнориран и исмејуван од страна на неговите врсници.
Приказната всушност ја критикува претераната комерцијализација и секуларизмот на Божиќ,и се обидува гледачите да ги потсети на вистинските вредности на Божиќ.
ГОДИНА БЕЗ ДЕДО МРАЗ
Дедо Мраз мисли дека веќе никој не се грижи за Божиќ и ќе одлучи една година да паузира.Тој ја остава својата кочија без подароци, елените ги пушта на одмор а тој се одмара заедно со џуџињата.Сето тоа го прави со една единствена цел: да докаже дека тој им недостасува на луѓето и дека тие веруваат во Дедо Мраз.
Според многумина овој филм ги содржи најубавите божиќни песни. Овој анимиран филм е направен во стоп-моушн анимација и е произведен во 1974 година .
Приказната на филмот е темелена врз истоимената книга на Филис Мек Гинли од 1956 година а илустрирана од Курт Верт. Филмот за првпат бил прикажан на 10 . декември. 1974 година на телевизискиот канал ЕЈ БИСИ.
ПРЕДБОЖИЌНА НОЌНА МОРА
Еве уште еден анимиран филм кој е изработен со помош на стоп –моушн анимација и тоа од еден мошне познат и продуктивен автор –Тим Бартон, чии филмови секогаш предизвикувале голем интерес.овој пат тој се појавува како сценарист на приказната која ја режира Хенри Селик.
Дејствието на филмот е сместено во светот во кој секој празник има своја посебна земја. Филмот ја следи нестварната страст на Џек Скелингтон, саканиот Крал на тиквите од градот Ноќ на вештерките кој го следи создавањето на сите демонски радостии, стравовии изненадувања, кои неговиот празник традиционално ги извезува во „ вистинскиот свет“.На Џек му здосадила секоја година да ги прави истите нешта и наоѓа нов предизвик во животот кога случајно ќе налета на Божиќниот град каде веднаш ќе го маѓепсаат сјајните бои, играчките, украсите и топлиот дух кој го открива таму.
Се враќа дома и станува опседнат од идејата да го превземе Божиќ под своја контрола. Тој ангажира одани сограѓани за да му помогнат да стане замена за Дедо Мраз и да создаде „нова и подобрена “верзија на тој празник. Но, Џек наскоро ќе ги открие и најдобрите планови за тоа дека и глувците и костурите можат серозно да избегаат од контрола.Впрочем ,што можат да очекуваат децата од еден ваков Дедо Мраз кога подароците им ги носат духови и демони.
ПОЛАР ЕКСПРЕС
Што станува кога сите деца на овој свет не имислат дека постои Дедо Мраз. Токму со ова се занимава компјутерски анимираниот фил „ Полар експрес “ од 2004 година на режисерот Роберт Земакис. А приказната на филмот отприлика оди вака:
Вечерта на Бадник едно дете ,кој е на работ на пубертетот, започнува да се сомнева во постоењето на Дедо Мраз. Иако неговиот татко , неговата мајка и помалечката сестричка го убедуваат дека тој сепак навистина постои, детето е убедено дека подароците за сите деца на светот не е можно да се сместат во една вреќа , како и тоа дека не е изводливо цел свет да се обиколи во текот на само една ноќ.
И , така додека надвор врне силен снег, точно пет минути пред полноќ пред неговата куќа застанува еден старински воз, а симпатичниот кондуктер го повикува со останатите деца да тргнат на пат кон Северниот пол, каде, ако искрено веруваат ќе го запознаат вистинскиот Дедо Мраз.Во првиот момент детето не знае како да постапи,но сепак тој се согласува да се качи на возот со кој ќе отпатува на северниот пол. Тој и не знае дека пред него е највозбудливата ноќ во неговиот живот.
СЕВЕРНИОТ ЕЛЕН РУДОЛФ, СО ЦРВЕНО НОСЕ
Северниот елен Рудолф , со црвено носе е измислен лик , создаден од страна на Роберт Луис Меј. Тој обично е прикажан како младо еленче кое едвај иман рогови , со блескав црвен нос . Тој својата популарност ја здоби со тоа што тој е деветиот ирвас во кочијата на Дедо Мраз.Тој всушност ги предводи ирвасите кои ја влечат кочијата а со своето големо црвено носе го осветлува патот по кој оди кочијата и во најлоши временски услови.
Рудолф како ирвас од кочијата на Дедо Мраз за првпат се појавил во 1939 година во една малечка книга напишана од РобертЛ. Меј.
КАКО ГРИНЧ ГО УКРАДЕ БОЖИЌ
Филмот „ Како Гринч го украде Божиќ„ е забавен исимпатичен филм за деца кој е создаден според истоимената книга ид пеесетите на авторот Др. Зеус. Како анимиран филм се појавил во 1966 година ворежија на познатиот аниматор Чак Џонс.
Жителите на градчето Ву го отфрлиле Гринч уште кога бил тој дете заради тоа што бил грд и злобен. После тоа тој се повлекол во една пештера надвор од градот и ги замразил луѓето, што особено доаѓа до израз за време на божиќните празници кога сите се даруваат меѓу себе. Секако, ниту градчето Ву, не е рамнодушно кон него, па тој никогаш не бил добредојден кај нив.Еден ден работите ќе се сменат откако Гринч ќе го запознае наивното и добродушно девојче Сенди Луна које случајно ќе и го спаси животот.
Во 2000 година режисерот Рон Хауард направи играна везија на оваа приказна во кој главната улога ја толкуваше , тогаш екстремно поппуларниот актер Џим Кери.
Пишува: Ѓоко Симјаноски