Второто продолжение донесува уште пет филмови во кои се говори за американските измислени претседатали кои во историјата на филмот мошне често се наоѓаат во центарот на дејствието на филмот.
ДОКТОР СТРЕНЏЛАВ (1964)
Еден од најинтересните филмови во кој главен лик е претседателот на САд е „ Др. Стренџлав“ на култниот режисер Стенли Кјубрик од 1964 година, во кој настапува извонредниот актер Питер Селерс.Тој во овој филм ,кој преставува комедија со сатирични елементи, толкува три улоги- председател на САД, луд научник и британски офицер.
Ликот на претседателот е именуван како Меркин Мафли. Тој е попустлив, неодлучен и секако тип кој не би требало да одлучува за време на атомска војска. Од друга страна , овој ќелав лик со наочари е тип каков што сакаме во оваа комедија- сатира во која Стенли Кјубрик никому не му простува.
Има еден интересен податок за овој филм кој вели дека претпремиерата на филмот била закажана за 22 .ноември. 1963 година , денот кога бил извршен атантатот врз претседателот на САД ,Џон Кенеди. Филмот по одржувањето на претпремиерата својата премиера требало да ја доживее една недела подоцна, но заради атентатот премиерата била одложена за крајот на јануари 1964 година. Но ,и таа поминала такаречи незабележано од причина што расположението на публиката ни од далеку не било на потребното ниво за гледање на еден таков филм.
Но , и покрај се’, овој филм во многу анкети се наоѓа меѓу првите 100 најдобри филмови на сите времиња. Така според Американскиот филмски институт тој во 1998 година се наоѓал на 26 тото место меѓу првите 100, во 2000 година на третото место, во 2005 на 64 тото а во 2007 , кога Американскиот филмски институт славеше 100 години од своето постоење, се најде на 39 место.
ДЕН НА НЕЗАВИСНОСТА (1996)
Она што го прави американскиот претседател Томас Витмор , во итерпретација на актерот Бил Пулмен во филмот „ Ден на независноста“од 1996 година , се граничи со фантастичното.Како и не, кога тој со вистинска леснотија ја решава евакуацијата на милионските градови во САД заради инвазијата на вонземјаните и со иста таква леснотија управува со борбен воен авион.
Сите клишеа познати од филмовите за моќните претседатели се присутни и во овој филм. Претседателот Витмор може да остане и без својата сопруга , Марилин, но тој ќе најде сила со гордост да изјави:„ Јас сум борбен пилот . Моето место е во височините на небото“.Потоа самоуверено и како што доликува на еден претседател влегува во борбениот авион Ф16 и со локалниот пијаница ги растура лошите вонземјани.
Филмот „Ден на независност“ кој чинел 75 милиони долари, од прикажувањето низ целиот свет успеа да инкасира ,тогаш, фантастични 817 милиони долари и на тој начин да стане еден најпрофитабилните филмови на сите времиња.
Интересно е да се каже дека по цели 20 години на 24 јуни оваа година ќе биде одржана премиерата на продолженито на овој филм со поднаслов „ Препород“ кој повторо го режира Роналд Емерих а ликот на претседателот на САД , и по 20 години повторно го игра Бил Пулмен.
ДЕЈВ (1993)
Во филмот „ Дејв“ од 1993 година , на режисерот Иван Рајтмен на еден комичен начин се говори за теоријата според која секој може да биде претседател. Имено, претседателот Бил Мичел, во интерпретација на Кевин Клајн, при една љубовна авантура надвор од брачниот кревет, ја измамува првата дама но затоа доживува срцев удар , како своевидна казна за неверството. Бидејќи најмоќната држава не смее ниту еден момент да остане без претседател, на негово место влетува неговиот двојник Дејв Ковик. Така, ненадејно вкочанетиот , старомоден и безчуствителен претседател се претвора во сентиментален лик кој сака да гушка бебиња и да се грижи единствено за тоа дали ќе има доволно засолништа за бездомниците . Сето ова никому не му е сомнително освен на првата дама , чиј лик го игра актерката Сигурни Вивер.
Можете да замислите на што ќе личеше овој филм ако во улогата на претседател се најдеше Арнолд Шварценегер , инаку првиот избор на режисерот Рејтмен за улогата на Дејв.Но , не треба да му се забележи на Ретрмејн за овој „пропуст“бидејќи тогаш сигурно не паднало на памет дека тој ист Шварценегер нема да покаже амбиции за вистински претседател на САД. Не стигна до таму но одработи два мандати како гувернер на Калифорнија.
КАНДИДАТ (2000)
Главниот лик во филмот „ Кандидат“ на режисерот Род Лури од 2000 година е сенаторката Лајан Хенсон во интерпретација на актерката Џоан Ален. Таа го игра ликот на жената која сака да стане првата жена потпредседател во американската историја, но нејзиниот лик ќе избледне пред ликот на претседателот Џексон Еванс кого го толкува познатиот актер Џеф Бриџис.
Тој е уште еден во низата на силни председатели кои со ист жар кугла во подрумот на Белата Куќа и склопува договори во тамошните малечки канцеларии и соби.Освен тоа и неговото хоби е висинско председателско – тој сака необична храна , што ќе се покаже мошне практично кога на Кристијан Слејтер ќе му се закани со сендвич од морско куче.
Режисерот Род Лури во овој филм не успеа да внесе жена во Белата Куќа како претседател, но тоа му успеа нешто подоцна , поточно во 2005 година кога ги режираше првите четири епизоди од ТВ серија„ Главен командант“во која главната улога на првиот женски претседателка САД, Мекензи Ален , ја толкува актерката Џина Дејвис.
Колку филмот знае да ја предвиди иднината, барем во Америка , говори и податокот од реалниот живот во кој Хилари Клинтон, некогашната прва дама на Америка а подоцна и државен секретар во администрацијата на Обама, сега е во трката и главен фаворит за следен претседател нз САД. Со други зборови Хилари Клинтон оваа година може да го оствари она што на режисерот Род Лури не му успеа во филмот „Кандидат“.
МАРС НАПАЃА (1996)
Претседателот Џејмс Дејл од филмот „ Марс напаѓа“ на режисерот Тим Бартон од 1996 година е далеку од моќните и семожни американски претседатели но мора да се признае дека е еден од најсмешните. Да се потсетиме, неговиот лик го толкува извонредниот Џек Николсон. И кога веќе ја споменуваме неговата некомпетентност , тој никако не можел да знае дека Марсовците ќе ја нападнат земјата, ниту пак дека најдоброто оружје против нив е јодлирањето на заборавените американски композитори . Во негова одбрана, мора да се каже дека во сред катастрофата која ја снашла неговата земја , тој знае да најде и понекоја добра страна.Откако Марсовците ќе му го разрушат дури и американскиот конгрес, Џејмс Дејл ќе рече:„ Сакам луѓето да знаат дека за нив сеуште работат два од трите дела на нашата власт, а тоа мора да признаете не е лошо“. Дејл можеби е единствениот од сите досегашни споменати филмски претседатели кои добро би се снашол и во вистинската Бела Куќа. Зошто? Па, од едноставна причина што тој е далеку од тоа да донесе вистинска одлука, но поприлично е добар муватор, што е главниот адут на секој политичар.
Ѓоко Симјаноски, Публиицтет.мк