• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
петок, август 1, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Омнубус

Најновото од „кујната“ на естрадниот уметник Благој Маротов

јуни 12, 2020
in Омнубус
Најновото од „кујната“ на естрадниот уметник Благој Маротов

Денеска Ве запознаваме со најновите музички остварувања на познатиот уметник, автор, изведувач и инструменталист Благој Маротов, чиј спонтан и ненаметлив, но крајно професионален стил на работа, е одамна препознаен и високо вреднуван кај публиката.

Тој деновиве изработи нова верзија на неговата слушана композиција “Не е љубов тоа”, во негово музичко и аранжманско обликување, и продукција, а на текст на Георги Барбаровски.

https://m.youtube.com/watch?v=nnXMj5TdB5M&feature=youtu.be

Нешто пред тоа, Маротов почна да снима еден интересен циклус на обработки на македонски изворни песни, под наслов “Класика М” , а новонастанатата ситуација ја искористи креативно, да го доосмисли и почне да го реализира, во своето студио.

baze 1

-“Класика-М” е мое “музичко милениче”, работено со најголемо внимание и посветеност во секој тон, и стих, а станува збор за познати песни. Овој пат тие се во поинаква аранжманска изведба, помодерен стил, со понагласен звук и како поприсутен мотив преку бас гитара, фретлес (за музички упатените, тоа е бас гитара без прагови,што ги разделува полиња), кој, како инструмент бара поголемо внимание и познавање при изведбата. Секако, посебно внимавав во поставување на привлечен изведувачки манир, вокалната интерпретација, одредувајќи го стилот на обработката на истата, ни открива Маротов.
Првата обработка што ја направи е на “Садила Јана”, стара македонска песна, испеана од Никола Бадев, која ја сними карантински, со едно скромно домашно видео.

https://youtu.be/hT_rrg3AG8Y

Втората обработка е на “Давај ме мила мамо”, текстот со мала измена од оригиналот, адаптиран во машка верзија, за која што истотака сними и видео запис, во рамките на она што го дозволуваа приликите.

https://youtu.be/vjUOvXL3oSw

И, секако споменатата “Не е љубов”.
Би сакале да ви ја откриеме и ексклузивно дека Благој Маротов студиозно се подготвуваше за настап на реномираниот “Сплитски фестивал” , сега идејата останува за некои подобри времиња. Сепак, нашиот познат музичар наскоро планира и едно мошне пријатно изненадување на хрватската публика, во знак на благодарност за прекрасната прифатеност изминативе години, каде со неговата музичко-брачна другарка Јуле, одржуваа турнеи и имаа средби и заеднички музички моменти и настапи со најпознатите хрватски пејачи, од редот на легендата Оливер Драгојевик, Петар Грашо и други.

 

 

Валентина Ѓоргиеска – Парго

ПУблицитет.мк 

 

Посетеност: 82
Share
Previous Post

Дубаи ќе гради марсовски град среде пустина

Next Post

Нуркачите од „Акватек“ спроведоа еко-акција во населбата „Свети Стефан“

Next Post
Нуркачите од „Акватек“ спроведоа еко-акција во населбата „Свети Стефан“

Нуркачите од „Акватек“ спроведоа еко-акција во населбата „Свети Стефан“

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 82

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk