Ви го преставуваме изборот на преостанатите пет филмови за оваа 2016 година на познатиот филмски интернет портал IMDb кој е направен според пројавениот интерес на посетителите на овој портал за филмовите кои се најавени за оваа 2016 година.
ДЕДПУЛ
Еден од најочекуваните блокбастери во оваа 2016 година е филмот „ Дедпул“, кој е инспириран со суперхеројот од стриповите на Марвел.
„Дедпул “ својот живот го започнал како Вајд Вилсон, елитен оперативец на специјалните сили кој се преобразил во платеник. Кога ќе ја открие својата болест во терминална фаза, тој одлучува да пристапи на тајната експериментална програма.Изложен на експеримент кој не смеел да се случи, Вајд ја открива својата нова супер моќ за брзо заздравување и станува свој алтер его Дедпул.Наоружан со новостекнатите вештини ,тој тргнува во потрага по човекот кој такаречи го уништил.
Режисер на филмот е Тим Милер а главните улоги ги токуваат Рајан Рејнолдс,Морена Бакарини, Ѓина Карано, Ед Сиреин и други. Филмот во кино салите доаѓа на 12 февруари.
Неодамна беше објавена една интересна вест сврзана со овој филм. Имено,според пишувањето на „ Холивуд рипортер“филмот е забранет за прикажување во Кина заради премногу насилство,голотија и вулгарности. Кинеските цензори останале шокирани одкако го одгледале филмот на Тим Милер.
Според списанието,американските студија обично ги „ прочистуваат “ своите филмови за да не го изгубат вносниот кинески пазар, но дека со филмот „ Детпул“ тоа било невозможно да се направи бидејќи од филмот не би останало ништо.
ИКС МЕН: АПОКАЛИПСА
Филмот „ Икс Мен:Апокалипса“, кој преставува продолжение на филмот „ Икс Мен:Денови на идното минато“е деветиот по ред филм од серијалот филмови од светот на мутантите на Марвел.Главниот негативец овојпат е споменат во самиот наслов на филмот,Апокалипса, а го толкува актерот Оскар Ајзак, кого публиката накусо имаше можност да го запознае во одјавната шпица на предходниот филм „ Икс мен:Денови на идното минато“. Апокалипса за првпат се појави во стриповскиот серијал Икс-фактор како водач на група мутанти именувана како Алианса на ѓаволот а во подоцнежните тој е преставен како најсилен мутант.По иљадагодишен сон тој се буди и формира тим на силни и снажни мутанти, вклучувајќи го и Магнето чиј лик го игра Мајкл Фасбиндер. Тие сакаат да го исчистат човештвото и да создадат нов светски поредок, во кој ќе владее Аполалипса.Иднината на планетата е во рацете на Равен ,чиј лик го толкува Џенифер Лоренс и Професорот Икс, во интерпретација на Џејмс Мекевој.Тие ги предводат младите Икс Мени кои имаат задача да ги сопрат противниците и да го спасат човештвото од пропаст.
Инаку Икс- Мен ,како што е познато,се група на измислени стриповски јунаци на најпознатата издавачка куќа Марвел Комикс на авторите Стен Ли и Џек Кирби, кои професорот Чарлс Ксавиер,Магнето, Киклоп, Ангелот , Ѕверот, Марвел девојката, Вулверин, Колос, Ема Фрост, Гамбит и останатите јунаци ги оживеаја уште во далечната 1963 година во стрипот „ Икс – мен 1“.
Режисер на филмот е Брајан Сингер кој по неколку годишна пауза повторно му се врати на овој серијал откако во 2000 и 2003 ги сними двата најуспешни филмови .„ Икс –Мен“ и „ Икс – Мен 2 “.
Премиерата на филмот е закажана за 27.мај.
КАПЕТАН АМЕРИКА:ГРАЃАНСКА ВОЈНА
Од 6 мај во киносалите ќе започне да се прикажува филмот „ Капетан Америка:Граѓанска војна“ во кој главните улоги ги толкуваат Крис Еванс и Роберт Дауни јуниор. Филмот продолжува онаму каде што застана филмот „ Одмазници:Ерата на Ултрон“.По уште еден меѓународен инцидент, Капетан Америка и неговите Одмазници ќе бидат резултат на колатерална штета.Под политички притисок ќе се борат со Ајрон Мен и ќе се обидат да го спасат светот.
Освен Еванс и Дауни јуниор во филмот настапуваат уште и Скарлет Јохансон во ликот на Наташа Романоф/Блек Видов,Ентони Мекки како Сем Вилсон/ Фалкон,Пол Бетани како Визија,Џереми Ренер како Клинт Бартон/ Хавкеј, Дон Чидл како Џим Родес/ Војна машина, а тука се уште и Елизабет Олзен, Себастиан Стен,Чедвик Босмен, Емили Ван Камп,Даниел Брул,Френк Грило,Вилиам Харт,и Пол Руд.
Филмот го режирале Ентони и Џо Русо.
САМОУБИСТВЕН ОДРЕД
И филмот „ Самоубиствен одред“ е создаден врз основа на стрип. Филмот ја носи приказната за еден самоубиствен тим кој една тајна владина агенција го регрутира од еден затвор за суперзлосторници. Тие се ангажирани да извршат една опасна мисија во замена за помилување. Сценарист и режисер на филмот е Дејвид Ајер.
Актерската постава ја сочинуваат : Вил Смит,Џоел Кинаман, Маргот Роби,Џаи Кортни,Кара Делевињ,Карен Фукухара, Џеј Хернандез, Адам Бич, Виола Дејвис, Џаред Лито,Скот Иствуд, Џеј Хернандез, Бен Афлек…
Филмот се реализирал од април до август изминатата година на локации во Торонто.
Во официјална дистрибуција тргнува од 5. август.
БЕТМЕН ПРОТИВ СУПЕРМЕН
„ Бетмен против Супермен“е истотака филм кој долго време се очекува и најавува од страна на компанијата Ворнер Брос.Филмот е во режија на Зак Шнајдер а во него на спротивставени страни ќе се најдат најпознатите супер херои Бетмен и Супермен.
Во филмот настапуваат : Бен Афлек како Брус Вејн / Бетмен, Хенри Кавил како Кларк Кент/Супермен, Ејми Адамс како репортерката Луис Лејн,Џеси Ајсенберг како младиот бизнисмен Лекс Лутор,Дајан Лејн како Марта Кент,Лоренс Фишбурн како Пери Вајт, Џереми Ајронс како батлерот Алфред Пениворт, Холи Хантер како сенаторката Финч,Гел Гедот како Дајан Принц…
Во филмот настапуваат и повеќе споредни актери меѓу кои треба да се споменат:Тао Окамото, Реј Фишер ,Џејсо Момо и Езра Милер.
Додека Супермен се занимава со последиците од својата борба со генералот Зод, Бетмен во меѓувреме се враќа од одсуство за својот град да го одбрани од вонземјанинот Супермен.И додека Бетмен и Супермен се судираат, во исто време на светот му се заканува досега најголема опасност…
Филмот со своето дејствие се надоврзува на делото на Зак Шнајдер „ Човекот од челик“ од 2013 година инаку последниот филм од новиот серијал за Супермен.
Филмот во кино салите доаѓа на 25 март.
Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк