Кога на самиот почеток од натпреварот ќе се создадат неколку шанси за гол и истите не се искористат тогаш како што одминува времето и нервозата станува се поголема.Така беше и на денешниот натпревар во кој охриѓани потешко од што се очекуваше дојдоа до посакуваната победа и нови три бода.
Како што одминуваше времето охриѓани притискаа за да дојдат до посакуваното водство меѓутоа гостите успешно се бранеа.
Сепак моментот на одлука се случи и отпорот на гостите беше скршен во 62 минута од натпреварот кога Бакулески после еден пробив према противничкиот гол беше фаулиран во казнетиот простор на гостите па на главниот судија Трпчевски не му преостана ништо друго освен да покаже на белата точка сигурен реализатор на најстрогата казна беше Цуцули.
На десетина минути пред крајот охриѓани останаа со 10 играчи откако од игра беше исклучен Кочоски но гостите оваа шанса за да дојдат барем до бид за среќа на домашните не ја искористија.
Како и да е оваа победа за охридската екипа дојде како мелем на рана и како поттик за понатамошни победи и поголема самодоверба.
Охриѓани за постигнување на нова победа ќе имаат шанса веќе следната недела кога во рамките од вториот круг во Охрид ќе гостува лидерот на табелата екипата на Гостивар/
И.Арсеноски, Охрид спорт
Публицитет.мк