Надреализмот е културно движење кое започнало во почетокот на 1920 годиним а најдобро е познато по визуелните дела и пишувања на групата автори.
Надреализмот го вклучува елементот на изненадување, неочекуваност, но сепак многу надреалисти уметници за нивните дела велат дека се дел и од филозофско движење. За ова движење се велело и дека е револузионерно.
Во сликарството еден од најдобите надреалисти веројатно е Салвадор Дали, кои ги има направено едни од најдобите сликарски надрелистични дела. Можете ли да замислите дека овие дела се направени без фотошоп.
Погледнете ги најдобрите слики на Дали.
h
Во 2013 година издавачката куќа „Феникс”, во својата едиција „Аура” ја објави книгата „Јас сум гениј” од Салвадор Дали.
Тоа е автобиографска книга во која Салвадор Дали ги објаснува своите животни и уметнички постапки, комплексните основи на својата ексцентричност и бескрајната надреалистичка фантазија со која го одбележа сликарството во дваесеттиот век.
Преведувач на книгата е Ана Димова, а во неа се содржани неколку тематски целиникак: Тајниот живот на Салвадор Дали, Раѓањето на Салвадор Дали, Анегдотскиот авторитет, Детството, Младешкото доба, Каменото доба, Средбата со гала, Мојата борба и Повторно Париз.
Дали самиот за себе рекол: “Јас сликам слики што ме прават да умрам од радост, јас креирам со апсолутна природност, без и најмала естетска грижа, јас правам нешта што ме инспирира со длабока емоција и се трудам да ги насликам нештата искрено“.
Вреди да се побара и да се прочита книгата.
>
Публицитет.мк