• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, август 26, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Во светот на уметноста

Најскапите уметнички слики на светот

јануари 3, 2017
in Во светот на уметноста

Галеријата „Букефал“ви ги честита новогодишните и божиќните празници со порака да ја сакате и почитувате уметноста.

 Колекционирањето на уметнички дела претставува престиж помеѓу припадниците на светската елита, меѓу кои има вистински љубители на уметноста, но има и такви кои тоа го прават за докажување на својата моќ. Какви и да се побудите, натпреварот помеѓу нив вртоглаво им ја зголемува вредноста на уметничките дела.

„Свесно ја избирам животната патека на кучето. Ќе бидам сиромав, ќе бидам сликар…“ рекол Винсент Ван Гог, очигледно не знаејќи дека ќе претставува еден од најголемите и највлијателните уметници на сите времиња и дека неговите слики ќе бидат едни од највредните уметнички дела во светот.


Винсент Ван Гог

Во продолжение ви ги претставуваме десетте најскапо продадени слики во светот, чии цени се формирани на организирани аукции. Се разбира, постојат и бесценети слики кои се изложени во најпознатите музеји во светот и не се продаваат. Листата во продолжение не ги вклучува истите, туку само оние кои се продадени за најголема сума на пари.За напомена, во цените кои следат во продолжение се пресметани и инфлаторните влијанија кои следеле по продажбата, а цените кои оригинално биле во странска валута се пресметани со стапка која одговара за времето кога настанала продажбата. 10. „Ириси“ (Irises) – Винсент ван Гог

Винсент ван Гог (1853-1890) е холандски постимпресионистички сликар. Неговите дела, заради живите бои и отсликувањето на чувствата, имале огромно влијание врз уметноста во 20-иот век. Карактеристично за неговиот живот е тоа што боледувал од анксиозност и имал чести ментални напади, а неговиот живот згаснал со самоубиство, на 37-годишна возраст. 


„Irises“ – Vincent van Gogh

Сликата „Ириси“ Ван Гог ја насликал во 1889-та година, последната година пред неговата смрт, во Франција. Таа претставувала најскапа слика во тоа време и била продадена за 53.900.000 долари во 1987-та година. Тој оваа слика ја нарекувал „громобран за мојата болест“, бидејќи сметал дека работењето на истата ќе го чувало да не полуди. Сегашната нејзина вредност се проценува на 105.100.000 долари.9. „Dora Maar au Chat“ – Пабло ПикасоПабло Пикасо (1881-1973) е роден во Шпанија и претставува еден од најголемите мајстори на уметноста и основач на кубизмот.


„Dora Maar au Chat“ – Pablo Picasso

Сликата „Dora Maar au Chat“, која Пикасо ја насликал во 1941-вата година, ја прикажува неговата љубовница, Дора Мар. Нивната врска траела десет години (1930-1940-тите), а оваа слика претставува непријатен опис на неговата љубовница. Продадена е неодамна, во 2006-тата, за 95.200.000 долари, а нејзината сегашна вредност изнесува 106.100.000 долари.8. „Портрет на Џозеф Рулин“ (Portrait of Joseph Roulin) – Винсент ван Гог


„Portrait of Joseph Roulin“ – Vincent van Gogh

Оваа слика, насликана во 1889-та, е дел од серија од слики од Ван Гог, наречена „The Roulin Family“. Тој обожавал да слика портрети, а Јозеф Рулин бил негов пријател и позирал за него. Од нивното пријателство произлегла слика која во 1989-та година е продадена на Музејот на модерна уметност во Њујорк, а денес вреди повеќе од 107.000.000 долари.7. „Голо тело, зелени лисја и биста“ (Nude, Green Leaves and Bust) – Пабло Пикасо


„Nude, Green Leaves and Bust“ – Pablo Picaso

Во 1932-та година, Пабло Пикасо ја насликал „Nude, Green Leaves and Bust“, на која е прикажана неговата љубовница Marie-Therese Walter. Станува збор за дел од серија од портрети на кои Пикасо ги сликал неговите љубовници, но Marie-Therese Walter не била само една од нив, туку била и негова муза. Оваа слика јавно била изложена во 1961-та година, а нејзината цена изнесува 110.200.000 долари.6. „Момче со луле“ (Garçon à la pipe) – Пабло Пикасо


„Garçon à la pipe“ – Pablo Picaso

И ова ремек дело е креација на Пикасо, а го има создадено во 1905-та, кога имал 24 години. Последен пат сликата е продадена во 2004-тата, а нејзината цена изнесува 124.300.000 долари.5. „Bal du moulin de la Galette“ – Пјер Огуст Ренуар 

Пјер Огуст Ренуар (1841-1919) е француски уметник и предводник на импресионистичкото движење. Неговата слика „Bal du moulin de la Galette“ е едно од најдобрите ремек дела на светот и ја прикажува работничката класа во Париз во 19-иот век, која уживала во танцувањето, јадењето, пиењето и дотерувањето. 


„Bal du Moulin de la Galette“ – Pierre-Auguste Renoir

Во 1990 оваа слика е продадена за78.100.000 долари , а нејзината актуелна цена изнесува 136.400.000 долари.4. „Портрет на д-р Гашет“ (Portrait of Dr. Gachet) – Винсент ван Гог


„Portrait of Dr. Gachet“ – Vincent van Gogh

За време на последните месеци од животот на Винсент Ван Гог, д-р Gachet бил тој кој се грижел за него, заради што Ван Гог насликал негов портрет. Во 1990-та година оваа слика е ставена на аукција, а нејзината цена изнесува 144.100.000 долари.3. „Портрет на Адел Блох – Бауер I“ (Portrait of Adele Bloch -Bauer I) – Густав Климт

Густав Климт (1862-1918) е австриски симболистички сликар. Неговиот фокус е ставен врз жената, а сите негови дела се проткаени со еротика.


„Portrait of Adele Bloch- Bauer I“ – Gustav Klimt

Портретот на Адел Блох Бауер е завршен во 1907-та година во Виена, а на Густав му биле потребни три години за да го наслика. Оваа слика била нарачана од Ferdinand Bloch-Bauer, а потоа кога германските нацисти ја окупирале Австрија, оваа слика била конфискувана. Во 2006-тата година е ставена на аукција и достигнала цена од 135.000.000, што денес е проценета на 150.200.000 долари.2. „Жена III“ (Woman III) – Вилием де Конинг Вилием де Конинг (1904-1997) е апстрактен експресионист роден во Холандија. Неговото најценето дело, „Woman III“, кое го има насликано во 1953-тата година, припаѓа на серија од шест слики, во чиј центар лежи жената. 


„Woman III“ – Willem de Kooning

На 18 февруари 2006-та година оваа слика е продадена за 137.500.000 долари. Цената на оваа слика моментално изнесува 154.000.000 долари.1. „No. 5,1948“ – Џексон Полок 

Џексон Полок (1912-1956) е влијателен американски сликар и претставник на апстрактното експресионистичко движење. Познат бил по неговиот избувлив каратер и неговата љубов кон алкохолот. Сликата „No. 5,1948“ е негово најпознато дело.


„No. 5, 1948“ – Jackson Pollock

Насликана е во 1948-та година и претставува неверојатен примерок на апстрактниот експерсионизам.Во 2006-та е продадена за 140.000.000 долари, што денес изнесува 156.800.000 долари.Моментално, „No. 5,1948“ претставува најскапо продадената слика во светот.

Извор: www.idividi.com.mk 

Публицитет.мк 

Посетеност: 93
Share
Previous Post

Новиот мост во Струга атракција за стружани и туристите

Next Post

Зошто вирусите се поопасни за мажите ?

Next Post

Зошто вирусите се поопасни за мажите ?

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 93

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk