Природниот прираст во земјава во првото тримесечие бил позитивен, но е евидентирано намалување на бројот на живородени деца во споредба со истиот период лани.
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во првото тримесечје од 2016 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 0,8 отсто и изнесува 5.537 живородени деца.
Бројот на умрените лица во првото тримесечје од 2016 година бележи намалување од 7 отсто во споредба со истото тримесечје од 2015 година и изнесува 5.495 лицa, а од нив 61 се умрени доенчиња.
Природниот прираст изнесува 42 лица, што значи, за толку лица бројот на живородените деца е поголем од бројот на умрените лица.
Извор:www.mkd.mk