Утре од 11 до 18 часот, во кафе „Аквариус“ во Охрид вашето омилено кафе ( еспресо,капучино или макијато) ќе можете да го платите со стих.
„Напиши стих – купи кафе“ го организираме по повод Светскиот ден на поезијата, приклучувајќи и’ се на глобалната иницијатива, каде што со неколку ваши, кратки строфи можете да купите кафе. Размислувајте уште од сега и најдобрите стихови „Аквариус“ ќе ги награди.
Утре меѓу гостите ќе биде и писателката Винка Саздова чии романи со задовлство се читани. Формиравме и жири кое најпрво во текот на денот сите напишани стихови најтранспаретно ќе ги остави на увид напишаните стихови да можат да ги видат сите присутни а во среда ќе одлучи чии стихови ќе бидат прогласени за најдобри и ќе бидат доделени три награди.
На масите ќе ве чека бел лист хартија и пенкало. Ваше е да напишете – најдобар стих и да оставите име презиме и ако сакате контакт за полесно да ве најдеме ако треба.
Меѓу спонзорите на наградите се АЛПОЈО – Охрид и печатницата АБВ од Охрид. Писателката Саздова ќе додели награди во книги од нејзината издавачка куќа „Три“ а најдобрите ќе добијат и по некое издание од академик д-р Миле Миќуновиќ. Имињата на наградените ќе бидат соопштени на Фејсук профилот на кафетеријата АКВАРИУС и на веб порталот Публицитет.мк кој е и медиумски покровител на „Напиши стих – купи кафе“.
Најважно е да се дружиме, да бидеме креативни и да покажеме дека чувствата се повредни од парите. Секој е добредојден и уште отсега му се радуваме на вашето присуство!
Публицитет.мк