
Нова година е и ред празници по неа. Публицитет.мк е со поинаков поглед на нештата. Оттука се определивме за малку релаксирачки прашања преку кои нашите соговорници доброволно ќе одговорат и се надеваме најискрено до сржта на поставените прашања од Прашалникот. Тој е модифициран и секако малку различен од Прустовиот, наречен по францускиот есеист и новелист Марсел Пруст.
Пруст не бил првиот што ги одговарал, но неговата вештина на одговарање го направила прашалникот популарен. Па така прашалникот со малку изменети прашања станува дел од списанија, ТВ-емисии и слично.
Овој празничен серијал го отвораме со проф. д-р Зоран Тунтев, човекот хуманист и активист кој многу работи со својата енергија покрена и промени на подобро во Охрид минатата а во годините пред неа.
Еве ги неговите одговори:

На која современа личност ѝ се восхитувате?
Новак Ѓоковиќ.
Која карактерна особина најмалку ја сакате кај другите луѓе?
Мрзливост, лажење и манипуланство.
Кој талент би сакале да го поседувате?
Да имам едуциран глас (за пеење).
Што мразите најмногу?
Политичари! И слични ликови со карактеристики на Баронот Минхаузен.
Што сакате најмногу ?
Патување, дружба со најдобрите луѓе, учење секој ден нешто ново.
Ваша омилена книга и автор и зошто ја препорачувате?
Дома имам посебна полица за Топ 10-те најдобри книги на светот. Најновата на таа полица е ‘Хомо Сапиенс’, од Јувал Харари. Генијален осврт кон човековата историја, прецизно лоцирање на проблемите околу нашето битисување и (не)сигурна иднина.
Омилен филм , актерка , актер и зошто токму тој филм?
Одамна “негувам” листа на Топ 10 филмови. Прв на листата е Хајлендер, со Кристоф Ламберт и Шон Конери. Затоа што љубам историска фикција, добра филмска музика (во овој случај групата Queen) и филмови снимани во Њујорк.
Инаку, барем еднаш годишно ги гледам “The Godfather” (сите делови), “Love, actually” и “About time”. А од серии, “Сопранови”.
Омилена песна и линк до неа ?
Во мислите стално имам листа од Топ 10 најдобри песни. Листата стално се менува, конкуренцијата е огромна, но во овој момент би ги слушал следните две:Van Morison: Days like this
Chris Botti, Paula Cole: My One and Only Love
Омилена пејачка и пејач ?
Smooth Jazz магионичари: Дајана Крола, Мајкл Бубле, но и Крис Боти (најдобриот жив трампетист на цел свет).
Ваша омилена мисла или мото по кое се водите?
“Ако сакаш да победиш, не смееш да изгубиш!” (Алан Форд)
Публицитет.мк







