Утре напладне во Охрид во спртската сала на Економското училиште „Св.Кирил и Методиј“ ќе се одржи натпреварот „Претприемач-да се биде или не!“
Натпреварот е завршна активност од истоимениот проект кој се реализираше од мај до септември годинава. Целта на проектот е да се подобри квалитетот на претприемничкото учење во средните стручни училишта во Охрид и Струга преку обуки со наставниците и учениците и соработка со бизнис заедницата.
На натпреварот ќе се натпреваруваат 4 тимови од средните училишта во Охрид и Струга.Пред секој тим ќе биде поставен предизвик од реалниот бизнис сектор, и задача да го трансформираат бизнисот од класичен во одговорен бизнис и на тој начин да го решат предизвикот. Изборот на најдобар предлог ќе го направи комисија составена од локални претприемачи.
Претходните активности вклучуваа: Организирање на посети на 5 локални успешни фирми каде учениците на лице место сретнаа различни бизниси, и директно разговараа со сопствениците. Летен тридневен камп во Охрид, на кој учествуваа 40 млади од цела Македонија. Средношколците за првпат ја идентификуваа разликата помеѓу барање работа и создавање бизнис, кои се неопходни вештини за еден претприемач и која им е перспективата зависно од тоа кој пат ќе го одберат.
Проектот e реализиран од Локалата Агенција за Развој во соработка со Средното стручно училиште „Св. Кирил и Методиј“ Охрид и СОУ ”Нико Нестор„ Струга. Поддржан е преку Мрежата за поддршка на млади претприемачи.
Публицитет.мк