
Досегашниот претседател и актуелен пратеник Лазе Таневски синоќа му ја предаде функцијата на Науме Чакар Јованоски, кој е избран за нов лидер на СДСМ – Охрид.
Јованоски во кусото обраќање пред дел од членството рече дека секогаш бил за единство и дека – единството во партијата ќе му е приоритет и во периодот што доаѓа. Науме Јованоски – Чакар по традиција пред влезот на партиското седиште на улица Галичица го пречкаа младите а таму беше и градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.



Публицитет.мк







