Кој е виновен што уличните аквизитери – продавачи на книги ги има се’ помалку во Охрид?
FAHRENHEIT 451
(охридски џган)
Веројатно малкумина ја приметиле ова промена, можда то се оние шо си љубет книги (и музика, па и стрип). Пред појќе од десет години, тогаш на кејот, можеа да се најдет појќе тезги за книги, некои продаваа стари книги, некои беа претставници на одредени издавачи, имаше мешани тезги итн. Таму се дружев со Nikola, Иљче, Sonja, Nick. Разгледвиш книги, пуштена некоја плоча на грамофон, прајш муабет во пријатната летна ноќ.
Се продаваа и сувенири, се најдвеа некои ретки книги. После се преместија наспроти Поштата, откако се кренаа трафиките. Помало место, збиено, ама пак интересно. Паралелно, и во книжарница „Просвета“ имаше со години летен саем на неколку издавачи, па можеа да се најдат и тука преводи на македонски и странски изданија. Цени намалени. Секоја година почна по еден помалку да идет, некои одеа околу „Тинекс“, на други места. Следната година пак, еден или двајца помалку. И останаа само двајца, на ова место, еден пар шо менвеше локации и еден чоек пред „Ривиера“. Се слушаа одредени муабети кои можат да се причините, ама тие информации ги примаш со резерва.
Лани, покрај Вардар, на кејот, кај дрвените куќарки, го видов еден од некогашните продавачи. Се поздравивме и одма го прашав з’ш го немат во Охрид, на лето. Шо барам, ми викат, премногу барат онај вашиот, за наем, за местото, плус сместување, трошоци, не ми се исплаќат. Купив неколку стрипој, си посакавме све најубо и заминав. Зарем д’овде сме стигнале? Ја зголемвет сумата за изнајмување на просторот? Од овие луѓе сакате профит?
Дали ова беше кажано во тој фамозен отчет, на Никола Бакрачески – градоначалник на Охрид? Вака Општина Охридразвиват туризам, се борит за зачувување на културните вредности? Дали излегол некој од овие носители на јавни функции да видит дека вредноста на книгата паднала толку ниско, шо на сто метри оддалеченост имаш две акции 3 за 100, едната за чорапи, другата за книги. Една книга – едно рало чорапи. Од пролетта навака, чоекот пред Ривиера излегвит, сега е на рекреативната патека, кај „Cuba Libre“ (аку се сеќавате, една година и тука штанд за книги имаше, сега затворен стојт со години). Парот пред „Тинекс“ го немат, ни во „Просвета“ не видов ниеден плакат нити пак некои книги пред влезот, едино честа ја бранит Mile Ivanoski, летово неговата тезга е единствено место да се најдит некоја книга, или плоча. Веројатно уш’ некој ден ќе е тука, разгледајте, можда ќе најте нешто.
Следни кандидати за градоначалник – немојте да дозволите Охрид да останит без ваква понуда, нека имат реални и коректни услови, не бркајте ја книгата!
Повод за фејсбук статусот , всушност е колумната на писателот Христо Петрески која можете да ја прочитате со клик на линкот подолу
http://plusinfo.mk/mislenje/3259/koj-gi-izbrka-od-ohrid-knigite
Извор: Valdamarr Sveinaldsson
Публицитет.мк