• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
недела, ноември 8, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тоа беа години

Не сум доволно возрасна -Ѓилола Чинквети

мај 25, 2021
in Тоа беа години
Не сум доволно возрасна -Ѓилола Чинквети

Во неделата во раните утрински часови со гласањето за победникот (кое беше можеби повозбудливо и од самото финале) заврши годинешното издание на Песната на Евровизија која оваа година се одржа по 65 пат во Ротердам.Во финалето се пласираа 26 композиции кои беа изведени пред публиката во комплексот „Ахој“ пред само 3500 гледачи заради пандемијата која организаторите ги стави на големи маки , но мора да се признае дека тие задачата ја извршија на највисоко ниво  кое сигурно ќе биде репер за одржување на вакви манифестации во месеците што следат.

Веќе е познато дека првото место го освои италијанската рок – група „Манескин“ („Месечина“) со нивната извонредна изведба на песната „Тивки и добри“ со освоени 524 поени.Со истата песна тие победија и на годинешниот фестивал на забавна музика Сан Ремо каде ,традиционално, победничката композиција ја преставува Италија на Песната на Евровизија.Инаку ова е трета победа на Италија на Евровизија и нивно 46 то учество почнувајќи од 1956 година. За првпат Италија победи во 1964 година со песната „Не сум доволно возрасна“ во иведба на Ѓилола Чинквети а по вторпат тоа се случи во 1990 година во Загреб кога Тото Кутуњо победи со песната  „Заедно :1992“

Сето ова беше вовед и причина за да се потсетиме на песната „Не сум доволно возрасна“ ,победничката песна на Песната на Евровизија во 1964 година која тогаш се одржа во Копенхаген.Музиката за песната е дело на композиторот Марио Панцери а текст го напиша Никола Салермо.Пејачката пее за едно момче за кого таа не е доволно возрасна за да може да го засака и да излезе  сама со него .Таа нагласува дека и така не би имале за што да разговараат бидејќи тој знае многу повеќе за некои работи од неа.Таа му порачува да ја чека ако сака, бидејќи еден ден сета нејзина љубов ќе биде за него.Во Копенхаген Ѓилола настапила дванаестта по ред а вкупно освоила 49 поени , скоро три пати повеќе од второ пласираната композиција која ја исполнувал Британскиот преставник Мет Монро.Ваквата разлика (во проценти) никогаш не е изедначен со кој било друг победник на ова натпреварување.

Веќе споменавме дека Чинквети со истата песна победи на фестивалот во Сан Ремо кој таа година се одржа по 14 пат . Таа година , за првпат италијанските натпреварувачи настапија во комбинација со странски изведувач , па така Ѓилола настапи  во алтернација со италијанско – белгиската пејачка Патриша Карли. Нејзината победа беше големо изненадување на фестивалот особено и заради тоа што таа беше дебитант и имаше само 16 години.

Таа година на фестивалот се најдоа голем број на познати интерпретатори од Италија но и од светот.Ѓилола практично ги победи сите нив , бидејќи таа година се доделуваше само една награда а сите останати беа прогласени за вице шампиони.А таа година на фестивалот меѓу другите настапија и :Клаудио Вила, Боби Соло, Милва, Доменико Модуњо, Тони Далара, Џино Паоли, Тои Ренис, Литл Тони, Пино Донаџо ,Френки Авалон, Френки Лејн, Пол Енка, Џорџо Габер, Фрида Бокара …

Прогласувањето на победата на Чинквети предизвикало бурна реакција кај Доменико Модуњо кој во знак на протест ја напуштил прес конференцијата одбивајќи да дава автограми. Интересно е да се каже дека само две години подоцна на истиот фестивал, тој заедно со Чинквети во дует победија со песната „ Боже колку те сакам“.

Како резултат на овој двоен успех , Ѓилола Чинквети , оваа песна ја сними на повеќе јазици: германски, шпански, француски, англиски, јапонски… Песната постигна и значителен комерцијален успех во Италија како и во неколку европски земји.Освен тоа песната доживеа и изведби на други јазици со други изведувачи.

Чинквети , десет години подоцна, во 1974 година повторно ги бранеше боите на Италија на Песната на Евровизија . Тогаш со песната „Да“ го освои второто место веднаш зад победниците , групата АБА кои победија со песната „Ватерло“.

Пишува: Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк 

Посетеност: 188
Share
Previous Post

Денес им е роденден: Устијана Речкоска – Шикоска

Next Post

Уште девет нови наслови можете да позајмите во охридската библиотека

Next Post
Уште девет нови наслови можете да позајмите во охридската библиотека

Уште девет нови наслови можете да позајмите во охридската библиотека

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 188

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk