• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, септември 29, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

Недела на борба против гладта (16-22 октомври) „ПОМИСЛЕТЕ И НА НАС” Црвен крст – Охрид

октомври 14, 2016
in Тикер

По повод Денот на гладта, 16 октомври и Недела на борба против гладта (16-22 октомври), под мотото „ПОМИСЛЕТЕ И НА НАС” Црвен крст – Охрид спроведува кампања за помош на најсиромашните наши сограѓани.

Активностите се насочени кон прибирање на финансиски средства преку продажба на вредносни бонови и прибирање на доброволни прилози наменети за набавка на прехрамбени производи за подготовка на хуманитарни пакети за социјално најзагрозените семејства од Охрид.
Во текот на Неделата на борба против гладта од 16-22 октомври, во поголемите маркети во Охрид ќе бидат поставени видно обележени корпи во кои хуманите сограѓани ќе можат да ставаат-донираат прехрамбени производи.

Plakata Mediumi

Гладта е најекстремна форма на сиромаштија каде поединецот или семејството не се во состојба да ги задоволат основните потреби за храна.
Иако храната е основното човеково право, сепак стотици милиони луѓе Ширум светот секојдневно гладуваат, а секои 3,6 секунди некој умира од глад.
Гладни и сиромашни има и во нашата земја и во нашиот град.
Сето ова е причина повеЌе, барем повремено да помислиме и да направиме нешто за оние на кои им треба подадена рака за будење на надеж дека не се сами, дека некој мисли на нив. Барем за миг да ја вратиме насмевката на нивните тажни лица.

Упатуваме апел до нашите сограѓани, фирми, институции, да се вклучат во хуманитарната собирна акција на Црвен крст- Охрид, во Неделата на борба против гладта и дадат свој придонес, според можностите, во олеснувањето на секојдневието на социјално најзагрозените семејства од Охрид и Дебарца.

И оваа година собирната акција се реализира во соработка и партнерство со Општина Охрид.

Ви благодариме за поддршката на нашите хуманитарни активности, велат од Црвен крст – Охрид 

Публицитет.мк 

Посетеност: 112
Share
Previous Post

Бидете дел од проектот „Креирање на бренд – поттикнување на иновативност и претприемачки дух кај младите во Охрид “

Next Post

Хан: Изборите се важни, но тие се само почеток во решавањето на кризата

Next Post

Хан: Изборите се важни, но тие се само почеток во решавањето на кризата

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 112

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk