• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, август 8, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

Недостиг од квалификуван кадар за индустријата

јануари 3, 2023
in Тикер
Недостиг од квалификуван кадар за индустријата

Недостигот од висококвалификувани кадри за успешно функционирање на индустриските капацитети во охридскиот регион создадоа партнерски однос помеѓу образовните институции и компаниите со цел да се надмине сегашната состојба. Основа за здраво партнерство е дуалното образование кое што одамна дава извонредни резултати во западноевропските земји.се чини дека тоа е единствениот пат за да се обезбеди квалитетна работна сила каква што посакуваат странските инвеститори…

Странските инвеститори во Охрид се повеќе се соочуваат со недостиг од квалитетна квалификувана работна сила поради што се принудени да вработуваат лица од околните градови. Единствениот излез од сегашната состојба е дуалното образование, кое се чини дека станува се поатрактивно за младите, бидејќи партнерството помеѓу образовните центри и компаниите овозможува брзо вработување.

„Првата генерација броеше 17 ученици, а веќе оваа година вкупната бројка на двата профили што ги имаме – техничар за производно машинство и техничар за индустриска мехатроника брои 43 ученици што е највисока бројка во сите дуални паралелки, односно од сите училишта во државата“, рече Сашо Недески, ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“ Охрид.

Концептот на дуалното образование во охридскиот Електромашински училиштен центар е базиран врз германскиот модел, па во тој контекст првата генерација покрај државната матура полагаше завршен испит и по германски терк.

„Покрај успешно спроведениот теоретски предмет, сите тие ученици кои што го положија предметот имаа можност да полагаат и практично. 1,35.1,39 И после успешно завршување и на практичниот дел учениците се стекнаа со сертификат со кој што се потврдува дека образованието, дуалниот модел стекнат кај нас е истоветен со образованието во Германија“, рече Љупчо Балески-професор по електрогрупа предмети.

„Би сакал да продолжам на факултет затоа што би сакал да стекнам уште поголемо знаење и да се здобијам со уште подобри вештини“, вели Мухамед Асан-ученик.

„Мислам дека се стекнав со добра практична настава и по завршеното средно образование мислам дека ќе се вработам во некоја од компаниите“, вели Мартин Ѓоргиески, ученик.

На овие млади кадри покрај работни места треба да им се обезбедат добри услови за работа и се разбира солидни плати, бидејќи со сертификатите што ќе ги поседуваат многу брзо ќе можат да се вработат во некоја од земјите членки на ЕУ.

Сашо Нелоски -www.mrt.com.mk

 

Посетеност: 98
Share
Previous Post

Денес им е роденден: Лидија Цветковиќ

Next Post

Почина д-р Наум Целакоски, поранешен професор на ФТУ во Охрид

Next Post
Почина д-р Наум Целакоски, поранешен професор на ФТУ во Охрид

Почина д-р Наум Целакоски, поранешен професор на ФТУ во Охрид

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 98

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk