• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, септември 16, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Аргументи за

Неискористен потенцијал на македонското општеството се Граѓаните

јули 20, 2018
in Аргументи за
Неискористен потенцијал на македонското општеството се Граѓаните

  Младите  и жените се клучен фактор за економскиот развој на Македонија.

Проблемот со невработеноста и иселеноста  на младите во Охрид и Македонија достигнува историски подем.Екстремно високи стапки на невработеност и неактивност на младите луѓе, како и недостатокот на економска еманципација на младите луѓе стануваат се  по клучни фактори за забавување и спречување на социјален раст и економски развој на македонското општество.

Поради невработеноста, голем број млади едуцирани кадри  ни одат во странство со нивната ,,желба за успешна кариера и полн стомак   ’’, иако во нивното образование се вложени значителни средства,оставајќи го семејството и родителите емоционално скршени во Македонија.

Сиромаштијата и економска ситуација во Македонија може делумно да се ублажат со поголемо вклучување на жените во работната сила на општеството, што ќе придонесе за зголемување на семејниот приход.

Од вкупниот број на вработени во нашата земја жени се само 40 проценти, што е далеку под просекот на земјите во регионот, особено во земјите од Европската унија, согласно анализите на  Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Невработеноста во Западен Балкан е над нивото на Европската унија кога станува збор за општеството како целина, но тоа е особено високо кај жените .

За одржлив економски раст на државата потребни се значајни промени кои вклучуваат значително повисок степен на вклученост на младите луѓе и жените во работната сила на општеството.

Низ работата со младите луѓе, преку работилници и обуки низ Македонија, треба да им се презентираат вистинските примери на успеси во бизнисот. Да им се  презентираат луѓето кои, и покрај лошата економска и политичка клима, успеале да ги реализираат своите идеи во Македонија. Постојано да им се кажува за нивните неуспеси што довеле до успех, бидејќи не постои друг начин за учење.

Младите не може да бидат убедени да останат – тие ја напуштаат итната ситуација, со надеж дека ќе имаат каде да се вратат наскоро. Образовниот систем не ги подготвува за реалниот живот и перформансите на пазарот на трудот, па треба да се  обидуваме  да ги пренесуваме знаењата од сопствените искуства и искуства од нашето соседство .

Македонија има многу паметни млади луѓе кои се свесни за тоа во каков вид на општество живеат и затоа го ценат кога отворено зборуваат за тоа што и како да го сторат тоа во сегашните околности. Многу е лесно и инспиративно да се работи со младите во Македонија, бидејќи напорите постојано се враќаат како бумеранг. Тие не се ниту мрзливи ниту глупави –  едноставно само разочарани и апатични и нив треба само да им даде шанса и да се создаде средина во која ќе можат да ги искористат своите потенцијали. И тоа паѓа на товар на политичарите , не на нив.

Според пописот во 2002 година, жените сочинуваат 49,80  проценти од населението во Македонија. Ако половина од општеството е исклучено од економски текови и создавање на нови вредности, не само што се губат жените, туку општеството како целина. Затоа е важно да ги поттикнуваме што е можно повеќе жени и да ги вклучиме во деловниот и политичкиот живот на општеството, така што за сите ќе биде подобро што е можно поскоро.

Верувам дека жените на било која возраст, како и младите, треба да им се  се даде “ветар во грб ” за реализација на нивните идеи и потенцијали, и најлесен начин е да се направи личен пример, како и примери од животот на другите луѓе во Македонија. Важно е да им се покаже дека постојат луѓе кои успеале да ги реализираат своите идеи и да живеат добро од нивната работа. Вакви примери има многу во Македонија, но за тоа не се зборува доволно јавно.

Вахид  Мемед

Младински  активист

Претседател на ОО ПОЕН Охрид 

Посетеност: 67
Share
Previous Post

Алена Баева – виолина, Русија; Вадим Колоденко – пијано, Русија вечерва на Охридско лето

Next Post

Национална кампања „На секое дете му треба семејство“

Next Post
Национална кампања  „На секое дете му треба семејство“

Национална кампања „На секое дете му треба семејство“

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 67

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk