Некој дедо одамна некогаш на внукот му ја раскажал следната животна вистина.
– Во душата на секој човек се води војна. Како борба помеѓу два волци.
Едниот волк го претставува злото, бесот, зависта, љубомората, ароганцијата, самосожалувањето, гревот, лагата, лажната гордост и егоизмот…
Другиот волк го претставува доброто. Тој го претставува она што дава вистинско уживање во животот: мир, љубов, надеж, ведрина, љубезност, добрина, понизност, срдечност, дарежливост, вистина, сочувство и верба.
Внукот се замислил и по неколку мигови го прашал дедо му: Кој волк на крајот ќе победи?
Дедо му со насмевка на своето старо- искусно лице му одговорил:
Секогаш победува оној кој го храниш…
Публицитет.мк