• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, јули 29, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Омнубус

Ненад Нинчевиќ добитник на наградата за промоција на музиката на Балканските простори на „Охрид- фест“

септември 8, 2020
in Омнубус
Ненад Нинчевиќ добитник на наградата за промоција на музиката на Балканските простори на „Охрид- фест“

Еден од најплодните хрватски автори: композитор, текстописец и аранжер, Ненад Нинчевиќ е годинешниот добитник на наградата за промоција на музиката на Балканските простори, што „Охрид-фест“ традиционално ја доделува секоја година.

За жал, поради состојбата со пандемијата на Ковид-19, Нинчевиќ нема да присуствува на фестивалот на 11 септември, но особено се радува на ова признание. – Многу ме радува наградата, вели Нинчевиќ. – Долга е традицијата на вашиот фестивал „Охрид-фест“ и знам дека го води стручен тим на чело со ценет колега Григор Копров. Често знам да кажам дека не е лесно да си хитмејкер: на секого му се случува понекоја песна, понекоја награда, но најважен е континуитетот и бројот на „живите“ песни. Тоа се оние композиции што се изведуваат секој ден, без оглед на тоа што настанале пред десетина па и повеќе години.“ Нинчевиќ ја има романтичната нота во перото а со негов потпис се „Пут путујем“, „Пиши ми“, „Липа си липа“, „Благо оном ко те има“, „Није у шолдима све“, „Ево мене моји људи“„Далматинка“.., но и „Лагала нас мала“, песна што ја пеат Тоше и Тони Цетински. „Google“ вели дека Нинчевиќ напишал повеќе од 2000 песни, испеани од Оливер Драгојевиќ, Зорица Конџа, Јасна Злокиќ, Златко Пејаковиќ, Тони Цетински, Горан Каран, Мишо Ковач…

Инаку Нено, како што го викаат пријателите, беше член на популарниот сплитскиот бенд „Тути фрути“, што во 80-тите се прослави со „Ствари лагане“, Крила лептира“, „Наслони главу на моје раме“.., а неколку години беше и директор на етаблираниот Сплитски фестивал. Новата работа со неговиот потпис е мјузиклот „Наша била шторија“ со 34 изведувачи, а Северина и Горан Каран во главните улоги.

Публицитет.мк

Посетеност: 68
Share
Previous Post

DW: Oд пат по трње, до членка на НАТО

Next Post

Предворјето на „Света Софија“ беше прекрасен амбиент за дружба со анасамблот „Билјана“ и нивните пријатели

Next Post
Предворјето на „Света Софија“ беше прекрасен амбиент за дружба со анасамблот „Билјана“ и нивните пријатели

Предворјето на „Света Софија“ беше прекрасен амбиент за дружба со анасамблот „Билјана“ и нивните пријатели

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 68

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk