ОСТЕН: Најистакната организација во светот посветена на уметноста на цртежот
За неговата иновативна и уникатна перспектива за една значајна уметничка форма, за неговата импресивна и промислена колекција на цртежи, за сите иницијативи кои помагаат подобро да се разберат и повеќе да се ценат уметниците во целиот свет и за воспоставување на глобално препознатлив глас во уметничкиот свет во Скопје, Македонија – ОСТЕН деновиве ја доби Интернационалната награда за квалитет на БИД за 2016 во Париз, Франција, која е меѓу најпрестижните признанија за извонредност на една организација во светот.
Наградата на 16 октомври во хотел „Хајат Регенси“ во Париз од претседателот на БИД Хозе Е. Прието ја прими Мице Јанкуловски, директор на Галеријата ОСТЕН.
Еве како беше претставен ОСТЕН во светот
Малата континентална земја на Балканскиот полуостров во југо-источна Европа, Македонија е позната по својот нерамен и планински терен, по своите езера, шармантните древни села и по винарството. Со популација од околу 2 милиони жители, Македонија е една од наследниците на некогашната Југославија, која ја прогласи својата независност во 1991 и доби статус на држава во Обединетите нации во 1993. Денес, со преку 20 години од сувереноста на држава зад себе, Македонија постојано ја гради својата репутација како дестинација за бизнис, туризам и култура.
ОСТЕН, кој денес го води единствениот регистриран музеј посветен на уметноста на цртежот во светот, го најде својот пат во светот на уметноста, како и својата страст како организација, преку серија на задни врати и странични подредувања. Организацијата е основана во 1945 како политички сатиричен билтен. Во текот на 1950-те и 60-те, Остен прерасна во месечен (некогаш и дво-неделен) магазин со секции фокусирани на хуморот, сатирата и карикатурата. Токму преку последна форма, карикатурата, Остен првенствено се поврзува со уметноста. Во 1969 година, Остен ја основа „Светската галерија на карикатури“, годишна манифестација која ги поврзува карикатуристите од целиот свет.
Во 2000-те, Остен ја има завршено поголемата работа во однос на неговата трансформација во организација фокусирана на уметноста. „Светската галерија на карикатури“ се’ уште се одржува, домаќин е на илјадници карикатуристи ширум светот и доделува награди за пријавените дела. Но, Остен сега го организира и „Остен биеналето на цртеж“, слична манифестација насочена кон уметниците кои цртаат и глобален натпревар кој се одржува секои две години и на кој се доделуваат награди и за млади таленти и за веќе етаблирани мајстори. Можеби најмногу од било која друга организација, Остен ги има изнесено на светло посебните вредности на „уметноста на хартија“, за која самиот тој има многу широка и инклузивна интерпретација. Сè што уметникот го смета за цртеж – Остен го прифаќа. Дури и дела направени со користење на дигитална технологија се добредојдени на Биеналето на цртеж.
ОСТЕН МУЗЕЈОТ НА ЦРТЕЖ содржи околу 9000 дела во својата колекција, вклучувајќи по десетици дела и од големите мајстори како Пабло Пикасо, Салвадор Дали и Виктор Вазарели. Тој исто така содржи дела од Џоан Миро, Рембрант, Хенри Матиз, Тулуз-Лотрек и многу други од најпознатите уметници од минатите неколку векови. Но, можеби најзначајно, во Музејот на цртеж има и дела на познати современи уметници кои имаат добиено највисоки награди на Биеналето на цртеж, вклучувајќи ги Марина Абрамовиќ, Тони Крег, Кристо, Владимир Величковиќ; како и дела на помлади уметници кои допрва доаѓаат, така претставувајќи ја новата генерација уметници на светот. Публикувањето на делата од колекцијата во форма на каталози и книги е значајна компонента на работењето на Остен.
За неговата иновативна и уникатна перспектива за една значајна уметничка форма, за неговата импресивна и осмислена колекција на цртежи, за сите иницијативи кои помагаат подобро да се разберат и повеќе да се ценат уметниците во целиот свет и за воспоставување на глобално препознатлив глас на уметничкиот свет од Скопје, Македонија – овој октомври 2016, ОСТЕН ја доби Интернационалната награда за квалитет на БИД во Париз, Франција, која е меѓу најпрестижните признанија за извонредност на една организација во светот.
За БИД и за Наградата за посветеност кон квалитетот
(About BID – Business Initiatives Directions and the World Quality Commitment Award)
БИД е приватна и независна организација основата во 1984, чија примарна активност е деловна комуникација ориентирана кон квалитет, извонредност и иновативност во менаџментот. Лидер во распространувањето на културата на квалитетот, БИД препознава компании и организации кои водат најзначајни активности во бизнис светот и се смета за организација-основач во распространувањето на културата на квалитетот, извонредноста и иновативност во 179 земји. Трофејот симболизира залог кон принципите на културата на квалитетот. Моделот на тотален квалитет во менаџментот (The QC100 Total Quality Management Model) заедно со Комбинираниот програм за квалитет (The Quality Mix program), медиумската покриеност на конвенцијата и нејзиното влијание врз заедницата и бизнис секторот, создаваат неспоредлива платформа за постојано усовршување на организацијата и препознавање на нејзините достигнувања на меѓународно ниво. Наградите се доделуваат само на оние кои се посветени да ја усовршуваат нивната култура на квалитет заснована на принципите на моделот за тотален квалитет во менаџментот. Кандидатите се номинираат по предлог на лидерите од претходно наградените компании, за кои тие сметаат дека ја заслужуваат наградата. Посебно заслужни поединци можат исто така да бидат номинирани. Интернационалниот комитет за селекција на Наградата за квалитет на БИД потоа ги избира компаниите/организациите кои ги добиваат наградите во Њујорк, Париз, Женева, Франкфурт, Мадрид или Лондон.
Претходни добитници на наградата:
Скоро сите сектори на бизнис и општествени активности се содржат меѓу добитниците на наградата на БИД – од големи глобални корпорации до националони лидери во различни области – сите кои ја инкорпорираат културата на квалитет во нивните активности.
Подолу се наведени некои од претходните добитници на награди од 179 земји:
OPERADORA VIPS, S.A. de R.L. de C.V. (A part of Wal-Mart, ranked No. 1 on the Fortune Global 500 list)
INDIAN OIL CORPORATION Limited (No. 119 on the Fortune Global 500 list)
BEIJING COFCO PLAZA DEVELOPMENT (272 on the Fortune Global list)
TURNER CONSTRUCTION INTERNATIONAL LLC from the U.S., Project Manager for the tallest building in the world (Burj Khalifa in Dubai)
ALCOA HOWMET GENNEVILLIERS (France), belonging to ALCOA (USA), top aluminum producer in the world
RAO, provider of 70% of electric power to Russia
RELIANCE INDUSTRIES OF INDIA (158 on the Fortune Global list)
TATA ELXSI OF TATA MOTORS FROM INDIA (254 on the Fortune Global list)
KRUNICHEV STATE PRODUCTION, leading entity of Russian space programs
HONG YUEN ELECTRONICS Ltd., part of the China aerospace programs
ARCELOR MITTAL Point Lisas from Trinidad & Tobago, 108 on the Fortune list.
Публицитет.мк