• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
понеделник, септември 15, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Аргументи за

Нешовски:Илуминација за Драган Спасески Охридски – Големиот уметник во духовниот Универзум

декември 3, 2020
in Аргументи за
Нешовски:Илуминација за Драган Спасески Охридски – Големиот уметник во духовниот Универзум

Космиконот, како што поначесто милуваше да ме нарекува големиот хуманист, творецот на чистите и нежни линии во сликите Драган Спасески Охридски,  кој никогаш не заминува од овој свет, бидијќи зад себе ја има оставено богатата ризница на творештвото; ликовно и поетско.

Уметникот Охридски зад себе, а во наследство за сите нас остави мошне богат спектар од неговите чисти бои на душата, која душа со чистотата го осветлува небото над Охрид.

Драган и неговата неуморна активна енергија полна со иновации и премногу ни остави белези со огромен печат на градот Охрид, во Македонија и пошироко во светот ги отвораа пламнатите зеници за да се восхитуваат на убавината на неговите платна, од кои трепери сè!

А Охрид, во срцето премногу си го милуваше, што не е ни најмалку случајно што си го додаде симболот во презимето Охридски!

За да и самиот уметник стане знак за светол симбол на Охрид!

Воедно со неговата широкограда душа, со луцидниот блескав дух, успеваше да внесува позитивно социјално хуманистички рефлексии во секој сегмент од егзистирањето и пулсирањето во Охрид. Оттука и стана светол симбол за единство и синтеза на брановите кои тој со благата нарација ги смируваше и им даваше јасен пример за насока на хуманистичкото опстојување во тоа духовно единство во човекољубието.

Самиот, како благ, илуминарен презент, широкоградо го отвораше своето срце кое светеше како светилник, светеше како сонце и му вдахнуваше аура секому околу неговата близина.

Начелата за очовечен, хуман и уметничко-творечки свет беа внедрени длабоко во неговата визија. Тој свет го градеше преку неговите величенствени слики, кои го експонираа на повисокото ниво во уметничката ампитуда. Но, тој не застануваше на сликарството, туку продолжуваше и со поетските апокалиптични слики да ни го претставува светот, во кој имаше филозофски пластови и ентелехија за филозофско- психолошката основа на светот.

                                                                                                                      dragan copy

Илумиунацијата за Драган Спасески Охридски – големиот уметник во духовниот универзум е само прелистување на вечните космички шумови на неразјаснетата аксиома на вечниот печат на вечно живиот оган на животот преку преселувањето низ бескрајните пространства на бесконечно живиот дух на творецот.

Неговиот сакрален свет беше светиот свет во богатството на самиот човек, кому му внесуваше живост и енергија преку изразното фигуративно и пластично сликарство и му ги даваше знаците за вечно живите опостојби.

Затоа, Илуманицијата со сета ѕвездена светлина ќе сјае над сводот во Охрид и вечно ќе го опстојува неговиот осветлен жив дух, духот во благоста на неговата мироносна душа, духот на мироносецот, уметникот Драган Спасески Охридски – кој ќе остане вечно жив пламенен оган ѕвездено да трепери во неговото ѕвезденото срце!

Мирче Нешовски, писател

Скопје, 30 ноември 2020

Публицитет.мк 

Посетеност: 102
Share
Previous Post

DR 6 – Доктор КинезиоDR 6 – Доктор Кинезиолог – Возиме Еп.34

Next Post

Онлајн тркалезна маса по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост: Од идната година се спушта возрасната граница за достапноста на услугата лична асистенција од 18 на шест години

Next Post
Онлајн тркалезна маса по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост: Од идната година се спушта возрасната граница за достапноста на услугата лична асистенција од 18 на шест години

Онлајн тркалезна маса по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост: Од идната година се спушта возрасната граница за достапноста на услугата лична асистенција од 18 на шест години

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 102

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk